Mи велат дека не сум излегол од Кратово и не сум знаел ништо

15.11.2017 17:04
Mи велат дека не сум излегол од Кратово и не сум знаел ништо

Mи велат дека не сум излегол од Кратово и не сум знаел ништо

Гледам многу луѓе
во обид да ме навредат и негираат
ми велат дека не сум излегол
од Кратово
и не сум знаел ништо.
Само да ве информирам
дека во мојот речиси 40 годишен живот
сум живеел и работел 1 година во Њујорк
и 1 година во Бостон, САД,
1 година во Манчестер, Англија,
1 година на Карибите,
1 година во Грција.
Сум патувал по
Италија,
Мексико,
Канада,
Венецуела.
Сум имал девојки од
Барбадос,
Филипини,
Америка.
Сум имал другари од
Индија,
Африка,
Мексико,
Русија,
Албанија,
Бугарија,
Хрватска,
Босна.
Сум работел од аргат на поле,
преку келнер на бродови,
до ИТ инженер во банка.
По образование сум
дипломиран
електро инженер
од озлогласениот ЕТФ
каде имаше 43 испити во 9 семестри
каде дипломата се добиваше
со чир на желудац.
Така да олабајте малце
со омаловажувањето кон мене.
Да се расправаме со аргументи
без обиди за омаловажување
и вреѓање.


Чорапи

Една од најлошите работи
од живеењето во студентски дом
во Скопје:
немаше каде да ги стаиш
смрдливите чорапи и чевлите
у кои си бил цел ден.
Па цела вечер и цела ноќ
спиеш во собичето што корне
на скапани чорапи и кондури.

Каде е тука правдата?!

Не може ист третман
да добиваат хероите
и џелатите!
Каде е тука правдата?!

И јас пред 4 години
добив понуда да преминам
од Наша Тв на Сител за 1000е
месечна плата,
дури имавме и ручек
со десната рака на мали Ѕинго.

Но сепак одбив
зашто ми беше
изричито кажано
дека ќе треба да сменам
УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА.

Затоа денеска Ивона и Латас
возат џипови од 50000 евра,
а јас денеска цел ден
поминав по плацеви за стари коли
низ Скопје и барав лево крило
и лев преден фар за Ауди од 1996-та,
и моторче за вентилатор
за парно греење,
успеав да си најдам и зачуван волан,
го искорнавме од едно старо Ауди.
И така си ги ставив во вреќа
и си отидов дома да го крпиме
нашето 20 години старо Ауди.
Ама ич не се каам,
горд сум дека правам
нешто добро за мојата земја
и за своето дете
кое се надевам еден ден
ќе се гордее со мене!


Колку е тешко и напорно да се расправаш со скопските елитисти

Колку е тешко
и напорно
да се расправаш
со скопските елитисти
кои мислат
дека имањето кола
е човеково право
и автоматски ти следуе
како што ти следуе сабајле
да се почешаш за мудата.

Како да им објасниш
дека обичен Македонец
со ниски примања
може само да сонува
за кола,
сите тие трошоци
за гориво,
уље,
филтри,
каиши,
регистрации,
патарини,
не дај боже
некој судар ситен
или дефект,
а пак самата кола
исто така да ја купиш,
тоа за обичниот
сиромашен народ
е научна фантастика,

ама оди
тоа објасни им го
на напудрени гзлаци
кои животот го почињаат
со станче од мамичка
и татичко,
количка од мамичка
и татичко,
добро платена работа
добиена со врски,
па дури и викендичка
во Охрид
или Маврово,
па сите пари
кои ги земаат
им се чудат
што да им прават
па идат по 10 пута годишно
во Солун
и чуваат
по три булдози
и 5 пудлици дома.

Заедно може чуда да направиме

Другари и другарки,
заедно може да направиме чуда,
бидете со мене,
претплатете се на Мактел,
донирајте,
помогнете да ги гонам сите мафијаши
додека не ги скренеме од умот!

Имам намера да продолжам
да им го правам животот пекол на сите апаши,
мафијаши, бараби и лопови и копилиња!
Немам намера да отстапам од тоа
па макар нека ме утепаат.

Мора некој и ова да го прави,
инаку државата ќе ни остане руина,
слепо црево, вечна вукојебина!

Помогнете ми да истраам,
продолжете да се претплатувате,
помагајте ме.
Само така ќе успеам и понатаму
со поголема сила и елан и пожестоко
да ги реметам сите гадови во целата земја.
ЗАЕДНО МОЖЕ ЧУДА ДА НАПРАВИМЕ!


Камен

Ова паниката
со затемнувањето
на сонцето
ми е многу јако.

Некој камен
ќе пролетал
пред Сонцето
за неколку минути
и цел свет
купуе наочари
и буља горе
у тоа лампата.

Цццц
некад се чудам
со часови
како сум еден
од најсиромашните
луѓе на планетава
покрај толку
дебили.


Господ, пиво и лубеница

Господ не постои.
Да постоеше
немаше да направи
пиво и лубеница
да не идат заедно!

Ерекција

Греота ли е
да признаам
дека имам
блага ерекција
кога го слушам
Грујо како плаче
како пичка.

Слики: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото