1009 hPa
82 %

11 °C
Скопје - Нед, 16.03.2025 03:59
Краткиот филм на Александра Левасер е истовремено суптилна и брутална осуда на производството и конзумирањето на месо.
Авторката својата порака ја искажува преку метафорична визуелна поезија, полуапстрактен наратив и интригантен дизајн на звукот. Мувата е елементот кој внесува дополнителна нелагодност, предизвикувајќи чувство на гадење додека гледачката ја набљудува сцената на подготовка и конзумирање на месо.
Во угостителството изразот „table d'hôte“ означува ограничен избор на јадење по фиксна цена, а во овој контекст ограничениот избор се однесува на конзумирање месо како норма која ја прифаќаме и покрај етичките дилеми и неповолното влијание врз околината.
Table d'Hôte from Alexandra Levasseur on Vimeo.