Книжевна вечер со Миха Мацини

16.11.2017 00:53
Книжевна вечер со Миха Мацини

Издавачките куќи „Готен“ од Скопје и „Гога“ од Ново Место, Словенија, ве покануваат на книжевната вечер со словенечкиот писател Миха Мацини. Настанот ќе се одржи на 17 ноември, во „Кино Култура“, со почеток во 20 часот.

Миха Мацини е моментално еден од најпопуларните словенечки писатели. Има објавено повеќе од 30 книги, преведени на 10 јазици. Неговите дела се застапени во многубројни антологии. Освен со проза, Мацини се занимава и со пишување сценарија и режирање. Две од неговите сценарија за филм се наградени. Има магистратура за креативно пишување за филм и телевизија на Универзитетот во Шефилд, а докторат по антропологија на секојдневниот живот на Институтот за хуманитарни науки во Словенија.

Во издание на „Готен“ е објавен неговиот роман „Избришана“. Преводот од словенечки јазик е на Иванка Апостолова Баскар. Луцидноста, општествената критичност и духовитоста го карактеризираат овој роман. Авторот го разоткрива пеколот на словенечката бирократија по падот на еднопартискиот систем, при што нововоспоставената демократија создава еднаква неправедност во општеството. Романот изобилува со фокусирана, напната и раздвижена нарација.

Гостувањето на авторот во Скопје е поддржано од Јавната агенција за книга на Република Словенија.

ОкоБоли главаВицФото