Сè

16.11.2017 16:33

Лисје, зборови, солзи,
кибрити, мачки,
одвреме-навреме трамваи, редици за брашно,
житни бубалки, празни шишиња, говори,
издолжени телевизиски слики,
лебарки од Колорадо, бензин,
знаменца, познати портрети,
Лига на европските шампиони,
камиони со плински туби,
јаболка вратени од извоз, весници,
векни, разводнето масло, каранфили,
чекања на аеродром, сок чико, соленки,
салама букурешт, диететски јогурт,
Циганки со кент, јајца од Креведија,
гласишта, серијал во сабота навечер,
сурогати на кафе,
борба на народите за мир, хорови,
производство во хектари, Геровитал, годишнини,
бугарски компот, собир на работниците,
врвно вино со географско потекло,
патики, вицеви, момчиња од улицата Викторија,
океанска риба, Одата на Романија,
сè

Превод: Лидија Димковска

Ана Бландијана (1942) е псевдоним на Отилија Валерија Коман, романска писателка. Дебитирала во 1959 година во списанието Трибуна од Клуж. Првата стихозбирка, „Прво лице множина“ ја објавила во 1964. Член е на Академијата „Стефан Маларме“ во Париз и на Европската академија за поезија. Добитничка е на „Хердеровата награда“ за книжевност во Виена 1982 и на наградата „Виленица“ (Словенија, 2002).

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото