Му го јадете драгоцениот и тешко спечален политички капитал на Заев за чист курташак!

17.11.2017 05:34
Му го јадете драгоцениот и тешко спечален политички капитал на Заев за чист курташак!

ПОЧИТУВАН ОРДАНОСКИ, НЕПОЧИТУВАН ГЕРО И ОСТАНАТИ: Му го јадете драгоцениот и тешко спечален политички капитал на Заев за чист курташак!

 

Мислам дека во моментов на политичката сцена се случуваат неколку многу интересни процеси кои искрено не ги очекував.

Имено, на јавната сцена владее ОПШТА ТУЧА за тоа кој ќе се покаже повеќе НЕЗАВИСНИ ИНТЕЛЕКТУАЛАЦ и затоа се фрла со дрва и камења по владата и по Заев и се бара буквално влакно во јајцето на микробата која виси на влакното во јајцето!!!

Па имаш комични паники за тоа каде и зашто искочила у диско Фатиме Фетаи, каква музика слушал Љупчо Николовски у кафана после работа, зашто Бакрач бил шеф на овој оддел наместо на оној оддел, дрн, мрн, ШИЈА МИ ГА ЏУРО што викаат Србите!!!

Буквално нема една асална забелешка, те буџетот бил голем, ама требало ипак да се покачат платите и пензиите?!

Много била голема администрацијата, али народот не смеел да остане без леп?!

Акцизата од 3 денара ќе го осакатела народот, иако нафтата рипа и паѓа за по 5 денара со години и за тоа на никој не му чуе...

Путните трошкове се покачиле, па испадна дека не се покачиле, па на крај излезе за кој кур не ги намалиле, иако нема засега решение на проблемот како пратениците да ги шпартаат своите изборни единици, па имаш комични предлози да сме ги начукале пратениците како стока у камион и да сме ги возеле заедно по земјава...

Па на крај имаш забелешка зошто Заев лично бил да ги даде инкубаторите на бебињата, иако сите фрлаат дрва и камења со месеци дека владата нигде ја немало за да направи нешто за смртноста на бебињата... Заев се сликал лично на настанот, но тоа не одеше потоа на нарачани вести на масовна пропаганда, ај човекот од кабинет да не искача и одма сите ќе речат, ене го оној само ждере, пие и се куропеца, никаде го нема лично да види што се дешава на терен, така?!

Сите вриштеа за Валерија, па на крај излезе дека родителите не ни побарале од фондот да ја плати операцијата, и на крај и тоа се заврши?!

Па почнаа да цркаат зошто се решавал проблемот со пушењето во кафани, небаре во бизнисот со ресторани не работат едно 10.000 народ, плус поврзани се тука пивари, винарии, месари, градинари, лебари и пун кур субјекти кои зависат од тоа колку се троши по кафаните и се бара решение кое ќе одговара на сите...

Па почнаа да цркаат за загадувањето, небаре тој проблем се решава со магично стапче, па ќе ни треба едно 10 години за да го решиме тој проблем, ама барем почнаа да прават за тоа планови и да работат, акцизата за дизелот е само едно камче од тој мозаик...

Па за Скопје 2014-та, мудата ни ги отекоа да сме го рушеле, па чекајте бе дечки, ние пари немаме плати да поделиме, па сега динамити, багери, остајте тоа, дај да се фокусираме на фабрики отворање, интеграции, раст на БДП, тоа ни треба, баталете рушење и нови тепачки и циркуси, вреди ли за тоа да трошиме драгоцена енергија и ресурси?!

И за што вришите бе дечки?! Кој ви е курац на вас?! Зошто го трошите тешко спечалениот политички капитал на Заев, со крв и со судни пржински и шарени маки заработен?!

Зошто бе не ѝ дадете на владата година-две да ги реши големите проблеми на оваа земја, зошто се понашате како мали деца?!

Се градело мит на личноста Заев, па што има лошо во тоа ако е со заслуга добиен тој мит? Што сега, ај да се правиме дека Заев не е голем политичар кој заслужува почит, ај да го плукаме за ништо колку да се спасиме од опасната тема митот на лидерот?

Па Обама немаше ли и сè уште нема ли мит за голем лидер?

Меркел нема ли мит за голема лидерка?

Што е со другите, Тачер, Реган, Кенеди, Ганди, Ѓинѓиќ, тие лошо ли направија за своите земји, па сепак има за нив голема почит и љубов на НАРОДИТЕ ЗА НИВНОТО ДЕЛО?!

Вие разбирате ли дека има голема разлика меѓу ЛАЖЕН ВОЖД И ВИСТИНСКИ ЛИДЕР?!

Лажен лидер, автократ кој респектот го добил со поткуп, режим, страв и пропаганда наспроти лидер кој респектот го добил во демократија поради покажани резултати во тешки околности?!

Толку ли ви е тешко да направите разлика, па дечки бе, па вие не сте толку глупи, особено не ти поштовани имењаче?!

Што кур ви стана бе дечки, преку ноќ се сопнавте на тоа топката и само се препелкате по травата со денови?!

Дај мунете ја тоа главата во кофата со вода, ние така правевме на времето во омладинците на ФК Силекс кога губевме со 10 разлика во Струмица и на градски во Скопје...

П.С. И зашто бе толку пиштите ако некој не се согласува со вас? Зашто плачете со денови како некој се осудил да ве нападне, тоа било цензура, диктатура, што ли не? Па полека бе дечки, никој ниту ве забрани, ниту ве тепаше, ниту ве тужеше, само некои од нас не се согласуваат со вас и тоа го кажуваат јавно, зашто се толку нервирате? Вие слободно пукајте и критикувајте го Заев, оставете нè нас да го браниме сè додека мислиме дека тоа го заслужува, слобода е, зашто толку квичење и пењавење за некакви нови диктатури?! Епа ај сите по ваш памет да идеме, значи вие напред, а ние по вас како овци, тоа ли го сакате?!

Извор: Мактел