Геј лавови во Кенија ќе бидат разделени и пратени на психолог

18.11.2017 13:01
Геј лавови во Кенија ќе бидат разделени и пратени на психолог

Езекиел Мутуа, политичар од Кенија, го привлече вниманието на светските медиуми со изјавата дека двата лава, фатени во истополов сексуален чин „лошо се однесувале“ и треба да се раздвојат и да се пратат на советување.

Животните биле фотографирани за време на сексуален чин во природниот резерват Масаи Мара, кој се наоѓа во југозападниот дел на Кенија, а ги сликал познатиот фотограф на дивината, Пол Голдстејн.

Мутуа е извршен директор на одборот за класификација на филмови на Кенија, тој понатаму додал и дека причината за однесувањето на животните е што лавовите сигурно некаде имале прилика да видат истополов човечки пар. Токј кажал дека тоа е единственото можно објаснување за нивното „бизарно“ однесување, бидејќи лавовите не гледаат телевизија или филмови во кои би можеле да видат истополови парови и дека најверојатно лавовите се опседнати од зли сили, зашто „демоните ги опседнуваат и животните“.

Инаку, Езекиел Мутуа е озлогласена фигура во Кенија заради своите конзервативни и чести настапи против ЛГБТ популацијата и важи за државен „морален полицаец“. Често забранувал про геј филмови, зашто бил уверен дека тие ги „глорифицираат“ таквите односи.

„Ние не ги регулираме лавовите, но првпат слушаме дека постојат двајца лавови што се вљубени, што е интересно и треба да се покани биолог да потврди дека се работи за двајца мажјаци, бидејќи тоа не е нормално“, изјавил Мутуа за „Најроби њус“

Додал и дека на животните им треба советување зашто веројатно се под влијание на човечи геј парови кои „лошо се однесувале во националните паркови“.
„Не знам, тоа однесување сигурно го копирале од некого, или станува збор за демонски чин, бидејќи животните не гледаат филмови, ми се чини дека демонските духови што влегуваат во луѓето, сега преминале и на животните“, изјавил Мутуа.

Хомосексуалните односи меѓу лавовите не се новост, неколку фотографи досега успеале да забалежат такви односи. Хомосексуалноста се појавува и во остатокот на животинскиот свет. Некои биолози тврдат дека истополови односи се забележани кај повеќе од 1500 животински видови.

Инаку, Кенија е земја со исклучително ниско ниво на човекови права. Според тамошните закони, мажи фатени во истополов однос можат да добијат и до 5 години затворска казна.

Извор: The Independent

 

ОкоБоли главаВицФото