WikiLeaks

18.11.2017 16:49

WikiLeaks, денес е нивното време,
време на супервируси кои кршат виртуелни катанци
кон ѓубришта и виртуелни комори

времето на рок-музиката и на ослободувањето траеше
неколку (сè позабрзани) генерации
а сега, финално движење
клик
враќање
во вечното село, село што го сакаме
иако не сакаме да му припаѓаме

Селото кај што сè се знае

сè се знае, а сепак
толку нешта се случуваат.

Селото на нашиот планетарен воајеризам.

На CNN пробаа да ја скицираат
текстурата на Универзумот
- личи на нас, сериски животи
серии-серијали на Биг Бен.

Полноќ е, време за WikiLeaks,
време на вештерките
време на виртуелните заложништва.

Ширење на сопството
топол лаптоп
налактен врз топло тело

Превод: Лидија Димковска

Јоана Јероним, романска поетеса, есеист, драматург и преведувач, автор на „Триумфот на водната вештерка“ ( наративна поезија, преведена од Адам Џ.Соркин, Bloodaxe, UK) исто така издадена и во Германија. Повеќе од десет збирки поезија, некои на англиски, исто така и онлајн (Omnivorous Syllables) „Ненаситни слогови„. Учесник на разни интернационални книжевни настани и мултимедијални иницијативи. Поезија, есеи и драми издадени во списанија и антологии во неколку европски држави, САД, Израел и Аргентина. Направила обемни преводи на интернационална поезија на романски, вклучувајќи ги македонските автори Лидија Димковска, Игор Исаковски и Александар Прокопиев. Нејзините преводи на драма, од Шекспир до Тони Кушнер и Горан Стефановски, се на сегашниот репертоар во Романија. Работела како автор, новинар за култура, културно аташе на Романија во Вашингтон (1992-96) и управител на Фулбрајт програмата во Романија. Член на Друштвото на писатели и на ПЕН клубот во Романија. Живее во Романија и во САД.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото