Некои штети се непоправливи

20.11.2017 03:53
Некои штети се непоправливи

Еве, слушам дека мафиотската инсталација ќе ја враќале во форматот на нормалното правосудство, дека криминилизираната и морално и професионално уништена администрација, ќе ја враќале во кондицијата на сериозна и здрава бирократија, дека од кловновското и евтино корумпирано новинарство, смачкано со и во самата идеја за себе, можело да се направи здрава четврта или не знам која сила на општеството, дека од академијата што под името МПЦ функционира како заглупавувачка централа на атомски погон, ќе правеле верска организација за утеха и врска со севишниот итн.

Јас не верувам дека тоа е можно, особено дека е можно под паролата „живот за сите“, но еве, да речеме дека овие трансформации ќе се случат така како што посакуваат најголемите оптимисти и добронамерни проектанти, треба да се знае клучната закономерност: земјата и општеството не се наоѓаат таму кај што би требало да бидат врз основа на збирот на криминалните поведенија на сите субјекти, туку многу подалеку, можеби се отидени у курац или во некоја друга далечна орбита, затоа што такво е синергиското дејство на сите поединечни и групни глупости. Сите можеби и можат да се вратат во своите нормалности, но Македонија не може да се врати на местото на кое била пред да се појават тие во своите неверојатни деформации. Ова се вика екстраполација на историските одговорности на секој субјект за општите работи. Македонија мораме наново да ја населиме со здрави луѓе, а стоката да ја оставиме да лебди во својата сточна вселена!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Небојша Гелевски

ОкоБоли главаВицФото