„Виното е поезијата на земјата“ - музичко-поетски перформанс во Метаноја

21.11.2017 17:27
„Виното е поезијата на земјата“ - музичко-поетски перформанс во Метаноја

На 22 ноември (среда) со почеток во 20:00 часот во кафе-книжарницата Метаноја ќе се одржи музичко-поетски настан „Виното е поезијата на земјата“, во рамки на Светската недела на италијанската кујна.

На настанот кој го организира италијанската амбасада во Скопје, свои стихови ќе чита македонската поетеса Наташа Сарџоска, а музика во живо ќе изведува составот „Bona Dea“.

Освен поетско-музичкиот перформанс, ќе има и дегустација на италијанско вино.

ОкоБоли главаВицФото