Раскази од шести кат

22.11.2017 03:19
Раскази од шести кат

Најубавото од раскажувачката работилница на Драги Михајловски собрано на едно место: избор раскази од збирките „Речно улиште“ (Награда за најдобра дебитантска книга, 1981 година), „Ѓон“, „Скок со стап“(Награда Рациново признание, 1994 година) и „Триполската капија“, заедно со осум сосема нови раскази. Вистинска антологија на едно многугодишно креативно работење... Спој од најдоброто и најновото на овој македонски мајстор на расказот. На едно место танцуваат суетите на цела плејада јунаци од нашето секојдневие. Многуте поштари, свртничари, ѕидари, мечкари, библиотекари, аптекари, студенти, молери, лектори, сонуваат и мечтаат пред очите на читателот за еден друг, поинаков, можеби посреќен свет во надворешен амбиент подложен на постојана промена од мир кон војна и обратно.

Книгата можете да ја преземете на линкот подолу.

 

ПрилогГолемина
Преземи3.02 MB

ОкоБоли главаВицФото