Девојко, дали...

22.11.2017 04:15
Девојко, дали...

Девојко, дали си контекст, пошто не сакам да го извадам од тебе?

 

Девојко, дали си телекомуникациската кула на Водно, пошто непрестано растеш пред моите очи?

 

Девојко, дали си прееманципирана, пошто сакам да ти кажам нешто глупо, па да ти се извинувам и на крај да влезам во уште поголеми гомна?

 

Девојко, дали си цена, пошто си достапна само во инбокс?

 

Девојко, дали си паштета меѓу течности, пошто не ми требаш, ама морам да те имам!?

Девојко, дали си октомври, пошто едвај чекам да завршиш?

 

Девојко, дали хејташ виндоус пошто сакаш мек? 

 

Девојко, дали си глупа фора, пошто само на тебе мислам!?

 

Девојко, дали си кондура-патика, пошто само шупаци се фаќаат за тебе?!

 

Девојко, дали си Правда, затоа што нема да се смирам додека не си задоволена?!

 

Девојко, дали си договорот со Бугарија, пошто сакам да знам сѐ за тебе!?

Девојко, дали си ќебапче од 5 денари, пошто нигде те нема!?

 

Девојко, дали си Македонија, пошто сакам да те оставам ама си немам најдено подобра опција?

 

Девојко, дали си изборна програма, пошто сите го дрват за тебе а никој не те пипнал!?

 

Девојко, дали си идиотскиов формат хумор, пошто никогаш нема да ми здосадиш?

 

Девојко, дали си новата ера, пошто изгледа никад нема да те видам?

 

Девојко, дали си владино вработување од НВО секторот, пошто само на тебе мислам!?

 

Слики: Stephan Schmitz

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност
Графички Дизајн / Книжевност / Психологија / Стрип
Книжевност / Стрип / Уметност
Пандалф Вулкански
Книжевност / Став

ОкоБоли главаВицФото