Модернистичките домови како сликарска инспирација

22.11.2017 17:34
Модернистичките домови како сликарска инспирација

Инспирирана од куќите и вилите во Палм Спрингс, романската уметница Ана Попеску создава свои фикционални домови во серија илустрирани архитектонски студии.

Интересот на Попеску претставување на архитектурата во сликарството е поврзан со нејзината љубов кон движењето Баухаус, кое ја потсетува на зградите и објектите во нејзината татковина Романија. Откако открила одредени сличности кај модернистичките куќи во Палм Спрингс, Попеску започнала да ги истражува нивните карактеристични геометриски форми. Серијата „Домови“ е еден вид истражување на формата и композицијата на модернистичките објекти, а секоја слика е насликана со пастелни бои.

„На почетокот ги комбинирав речиси сите бои, но сакав да создадам и некаква текстура. Бидејќи многу сакам терацо, почнав насекаде да ставам мали точки и станав опседната со дезени“, вели Попеску.

Извор: www.popescuana.com

ОкоБоли главаВицФото