За да ја запре „осветничката порнографија“, Фејсбук бара ваши голи слики

23.11.2017 12:07
За да ја запре „осветничката порнографија“, Фејсбук бара ваши голи слики

Фејсбук има нова стратегија за борба против таканаречената осветничка порнографија: прво сака да ги види вашите голи слики, пред оној што би ги злоупотребил да добие можност да ги рашири.

Во рамки на новата функција која социјалната мрежа ја тестира во Австралија, од корисниците се бара да приложат експлицитни фотографии од себеси пред да ги испратат некому, според тврдењата на Australian Broadcasting Corporation (ABC).

Еве како работи новата функција. Прво приложете експлицитна слика од себеси на Фејсбук Месинџер (тоа можете да го направите така што ќе започнете разговор со себеси). Потоа, означете ја за Фејсбук како „интимна слика без двострана согласност“.

Потоа, социјалната мрежа ќе направи „хаш“ на сликата, што значи дека создава единствен отисок на прст на фајлот. Фејсбук тврди дека не ги чува сликите, туку само хашовите на фотографиите. Ако друг корисник се обиде да ја приложи истата слика на Фејсбук или Инстаграм, Фејсбук ќе ја спореди со зачуваните хашови и ќе спречи да бидат објавени оние кои се означени како „осветничка фотографија“.

Еден истражувач на информатичка безбедност со кој разговарав вели дека оваа нова функција бара огромна количина доверба во Фејсбук. „Да, не чуваат копија, но сликата и натаму се пренесува и обработува. Остава форензички доказ во меморијата и потенцијално на дискот“, рече на Твитер експертот за дигитална форензика во DM, Лесли Кархарт. „Моја специјалност е дигиталната форензика и јас буквално по цел ден враќам избришани слики од компјутер – од дискот и системската меморија. Не е лесно да се уништат сите траги од фајловите, вклучувајќи ги мета-податоците и тамбнејловите.“

Новата функција на Фејсбук против осветничката порнографија ја следи сличната функција која беше воведена во април. Ако ја пријавите сликата како осветничка порнографија кога ќе налетате на неа на Фејсбук или Инстаграм, модераторите на овие социјални мрежи ќе ја обележат сликата со помош на технологијата за споредување фотографии во обид да го запрат нејзиното ширење. Фејсбук вели дека тоа, „во повеќето случаи“, веднаш го исклучува налогот на оној што ја споделил сликата.

Порнографијата без доброволна согласност стана огромен скандал за Фејсбук на почетокот од годината кога тајната група Marines United стана јавна. Над 30 000 активни и поранешни војници во тајната група ширеле приватни и често слики од голи жени, вклучувајќи слики и од колешките, без нивно одобрување.

Потоа, Министерството за одбрана започна истрага во врска со групата, а еден американски маринец подоцна се изјасни за виновен за ширење фотографии без доброволна согласност на субјектите. Marines United послужи како добар пример за делот на Фејсбук кој е тешко да се модерира: тајните групи.

Фејсбук се здружи со австралиската влада за да ја проба оваа нова функција. Корисниците можат да испратат пријава до владиниот Комесар за е-безбедност. Потоа, пријавата стигнува до Фејсбук, а од корисниците се бара да ѝ ги испратат своите интимни слики на оваа социјална мрежа. Ова парнтерство е дел од новата австралиска национална алатка за пријавување осветнички фотографии, која е прва од таков вид во светот.

Фејсбук сака оваа нова функција во иднина да ја воведе и на други места, а моментално истражува дополнителни земји, ми соопшти портпаролот во мејл.

Фејсбук потенцијално мора да ја прошири и во САД или барем да смисли некое ново решение, затоа што споделувањето експлицитни слики без согласност наскоро може да стане федерален прекршок со САД, токму како и детската порнографија. Во моментов постои „група“ државни закони која официјално се занимава со осветничката порнографија.

За жал, новата функција на Фејсбук нема да спречи сликите за кои не е дадена согласност од субјектите да се споделуваат на други места на интернет.

Извор: https://www.vice.com

ОкоБоли главаВицФото