Не ми е грижа...

24.11.2017 03:12

Понекогаш ми паѓаат на ум секакви работи: како Кох напишал песна

за тоа како ја напишал „Циркусот“

и како Џон Кејџ го прашал колку години има

и како „сè што правиме се претвора во поезија“. Вчера Доминик ме праша

што е тоа што ме поврзува, што нè поврзува нас, романските писатели.

 

После извесно време некој ќе ме опцуе што не ја подржувам

националната специфичност.

Мене кога го читам Кох не ми е грижа дали е американски писател.

Не ме интересира што го поврзува со американските писатели.

Не ме интересира кога вели:

„Ме праша дали сакам да трчам, а јас ти одговорив не,

и продолжив понатаму.“

Не ми е важно дали го рекол тоа Кинез, Африканец или Американец,

поважно е зошто ме растреперува

иако изгледа не вели голема работа. И Паунд кон Хариет Монро:

“Are you for American poetry or for poetry?”

 

Дали си за романската поезија или за poetry?

Кажи!

 

Превод: Лидија Димковска

Симона Попеску (1965), е поетеса, прозаистка и есеистка. Предава романска книжевност на Универзитетот во Букурешт. Објавила повеќе поетски збирки, есеистички книги, истражувања за поезијата на Ѓелу Наум како и романот „Егзувии“ за кој ја доби престижната романска награда „Аспро“ и е преведен на повеќе јазици. Важи за една од најдобрите авторки од генерацијата родени во шеесетите.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото