За критиките кон Шарената револуција

24.11.2017 12:08
За критиките кон Шарената револуција

Другари, сите се знаеме. Прво, ова не е пост за тие што бевме рамо до рамо во борбата против режимот, а сега со сето право жестоко и бескомпромисно критикуваат и маваат, туку за сеирџиите и релативизаторите што тек-тук имале проблесоци, годиниве наназад дури газеше режимот. Другово, сето е под второ.

Еве, јас - Шарен сум уште и пред Шарената револуција и сум со име и презиме! Мене едно или неколку скапани јаболка не можат да ме расипат и со нив не можете да ме идентификувате! Имајте усул малку. Јас и моите другари соборци сме со име и презиме, и такви поимени излеговме напред кога многу други сега осоколени, а тогаш напикани во од на мајка им пичките плачеа само по родендени, слави и сигурни друштвенца. Нас што нѐ гледавте и препознававте, губевме работни места, нѐ третираа нарачани инспекции, нѐ деградираа, се замеривме со наши другари и роднини, со претпоставените, нас нѐ шиканираа по улици, нѐ легитимираа и заокружуваа и нѐ гонеа каде стигнат, зашто се боревме во името на правдата и слободата. Се изборивме за да створиме услови за правда и слобода и поинакво поимање на владеењето. Колку успеавме, не знам, ќе видиме. Но, борбата продолжува. Некои од нас одбраа да продолжат индивидуално да се борат, други се приклучија кон партии, трети влегоа да помогнат да се изгради нормална држава, четврти станаа пратеници, функционери, петти се уморија или потрошија, но сите си имаме име и презиме. Оние што влегоа во власта се со име и презиме. За повеќето знам дека се со срце и душа влезени, за другите не знам зошто се влезени и не ги познавам, но сите се со име и презиме. Имајте го тоа на ум кога ќе генерализирате и кога (на пример) онаа мизерија од директор во Агенцијата за туризам, што се башарела со наши пари ја идентификувате како цела една плејада 'шарени'. На протестите нѐ имаше секакви. Читам некои се чувствуваат измамени. Од кого бе измамени? Што сте барале? Што ви ветувале? Пред секој протест, ама буквално пред секој (бар така беше во Прилеп), се читаа јасно барањата на Шарената револуција и секој кој што застануваше позади барањата беше добредојден. Јас ли ве изневерив? Ви ветував ли нешто? Ако имате забелешка за именуван функционер ќе го кажете со име. Ако имате нешто против политиките на одредена партија ќе ја кажете која е. Ако имате нешто против некој што ви ветувал нешто, ќе го кажете со име и презиме.

Ако ви е криво дека не сте се наметнале, или не ве препознале за одредена функција, или позиција, јбг., ќе излезете храбро и ќе кажете за која конкретно. Најлесно нели ви е да воопштувате и да речете: Шарените, ова-она. Инаку, сето ви е маде голо и ниту сте се бореле за нешто поголемо од лично ваша корист и интерес, ниту ништо. Пивтија муабетот ви е ако немате храброст! Можеби и затоа ви е толку лесно да сквернавите цело едно движење во кое не сте учествувале и за кое немате поим што било, или пак ако сте доаѓале само сте си мислеле дека сте дел од него? Значи - Ако имате нешто за мене, бујрум, ако не - именувајте кога критикувате, зашто како на еден од предводниците на Шарената во Прилеп, ме боли кога ве слушам и читам да генерализирате. #ФМП

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото