Смртна казна за Злото!

25.11.2017 12:54
Смртна казна за Злото!

Претворајќи ја младата нација во флотантна маса на дезориентирани будали и лудаци, Злосторничкиот режим на Никола Груевски, изврши културоцид, систематски бркајќи ги, пред сè, младите луѓе од државава, изврши биоцид, со интензивно влошување на сите параметри на животната средина, преку коруптивни зделки со своите домашни и странски партнери, изврши екоцид, преку пљачка на националното богатство и ресурси, изврши биоцид кај тие што останаа, а кај тие што ги преживеаја првите два биоцида, изврши трет биоцид, преку инсталацијата на смртоносен систем во здравството, со тоа што увозот на лажни лекови, сега гледаме, го беше смислил како најмонструозен начин за убивање на сопственото население со претходна пљачка на истото во истата смртоносна операција. А тоа што својата историска мисија за одмазда врз народот за тоа што во еден историски период се дрзнал да направи своја држава и да изгради посебна нација, ја заврши оставајќи ги луѓето во уверување дека сите се ВМРО, е злосторство од посебен вид за кое допрва ќе се смислува име, можеби ќе биде згодно да го викаме вмровитис енцефалитис.

Режимите на ИСИС и на Ким Ил Јонг се кабареа за монструмот од Бившата југословенска република.

Ја поздравувам заложбата на Заев за меѓународна истрага за некои конкретни случаи за кои има основано сомневање дека се дело на злосторничкиот режим на Груевски. Ја поддржувам и поздравувам работата на Специјалното обвинителство, еве гледаме дека се случуваат и одредени промени во судството, но мислам дека по аферата со лажните лекови и по сè друго што преживеа Македонија, ќе биде неопходно драматично политичко, правно, образовно, медиумско, културно расчистување со злото што се вика ВМРО и меѓународна правна и политичка интервенција за недвосмислено дефинирање на случувањата во Македонија за време на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Били Даркарт