Изложба за страдањата на бегалците од воените зони

27.11.2017 12:57
Изложба за страдањата на бегалците од воените зони

Хелсиншкиот комитет за човекови права и LEGIS организираат изложба која ќе биде отворена од 27 до 29 ноември во просториите на „Мала станица“ во рамките на проектот „Мала соба“. На изложбата се претставува двегодишното искуство со бегалците кои потекнуваат од воените зони што се движат од Турција и Африка до Балкан и до Централна и Северна Европа.

Проектот „Мала соба“ има за цел да ја информира и да ја подигне свеста на јавноста за проблемот со бегалците фокусирајќи се на неговите повеќекратни димензии: големината на оваа хуманитарна драма, моќта на солидарноста, заканата од неконтролираното дејствување на нелегалните групи за трговија со луѓе и нивното негативно влијание врз европскиот азил, итната потреба од дејствување на европските власти, активирање на рефлексите на европските граѓани, активно учество на младите луѓе, како и универзитетските институции низ цела Европа.

Изложбата е концепција на авторот Василис Царцанис од Грција и вклучува фотографии од различни автори од Балканот, но и трудови од самите бегалци, меѓу кои автори се и деца. „Проектот е заснован на уметност и не е исполитизиран, иако зборува за политичко прашање. Ова е обид да им се овозможи на бегалците да зборуаат сами за себе. Им даваме глас на овие луѓе, зашто во целата криза воопшто немаа глас и не беа консултирани за ништо!“, вели Царцанис.

 

ОкоБоли главаВицФото