Документи што треба да се уништат

27.11.2017 14:27
Документи што треба да се уништат

Документи што треба да се уништат

Дали тоа се љубовни писма? Компромитирачки фотографии? Младешки песни? Текстови од тајни секти? Навистина ги има доста. Дали треба да се фрлат в ѓубре? Да се запалат, но каде?

Тој ги цепка и ги фрла во клозетската шолја. Ја повлекува водата. Следниот ден, во неговата работна соба влегува жената, сосема возбудена: „Ти фрли... ти, зарем не?“ Тој пребледе и молчи. Со зарипнат глас: „Што?“ Таа: „Дојдоа работници, мораат да го искршат ѕидот, се затнала цевка, велат дека...„ Тој: 'Што? Што? Што?“ „Велат, се заплеткале цревата. Едно девојче, исечено на парчиња...“

 

Лошо задоволство

Добро правите што сте надуени, вие младите. Ние старите сега сме за фрлање. Светот е веќе ваш и вие во вашата намера со него да располагате по желба, имате потполно право. Од нашите погреби се враќате дома со неверојатен апетит, полни со живот и планови. Навечер, кога ќе легнувате, ќе осетите далечна болка од десната страна на желудникот, за сега, болка на која не треба да & се обрнува внимание.

Вез: Adipocere 

Превод: П. В.

Дино Буцати (1906-1972) е познат италијански писател. Пишувал раскази, романи, поезија и драми, сликал, цртал стрипови, илустрирал. Долго време во животот работел како новинар. Негови познати дела се збирките раскази „Продавница на тајни“ и „Тешки ноќи“, романот „Татарска пустина“ и др. Расказот што ви го претставуваме денес е земен од последната книга со која постигнал успех, како кај читателите така и кај критиката - „Тешки ноќи“.

ОкоБоли главаВицФото