Нов спот на групата Баклава за песната „Невен“

28.11.2017 01:40
Нов спот на групата Баклава за песната „Невен“

Македонската музичка група Баклава го објави спотот за песната „Невен“. Музиката е на Елена Христова, текстот на Дејан Сибиновски-Сибо.

Вокалите се на Елена Христова, а во песната учествуваат музичарите Дејан Теодосиевски (чело и пијано), Драган Стојковски (тамбура и бас), Гоце Наумов (тапани и перкусии), Јордан Костов (хармоника) Амон Мра (усна хармоника), Дејан Сибиновски-Сибо (деф).

Дејан Сибиновски-Сибо вели дека инспирација за спотот била модернистичката и бруталистичката архитектура на Скопје.

„Градот, покрај својата душа, има и свои ѕидови. А тие ѕидови ги исцртаа големи имиња од разни земји, и со тоа, нам ни влијаеше денес вака да размислуваме и твориме. Бруталистичката и модернистичката архитектура го одбележаа нашето детство и уште му пркосат на времето. Тие остри линии и фантастични приказни што се кријат зад делата на архитектите Константинов, Танге, Поповски, Биро 77, Варшавските тигри... Или попознати како делата старо МНТ, главна пошта, музеј на современа, мост Гоце Делчев, ГТЦ... “

Слични содржини

Свет / Музика / Музички спотови

ОкоБоли главаВицФото