Има два начини да се реши метежот во сообраќајот

28.11.2017 02:34
Има два начини да се реши метежот во сообраќајот

Слика 1: Визијата за Амстердам во 60-тите, дизајнирана од американски сообраќаен инженер и финансирана од автомобилски лоби-групи.

Тунели и надвозници, автопати кои го пресекуваат градот, брз пристап за коли, уништени соседства и кеј, поделен град со бројни сообраќајници.

Слика 2: Амстердам денес. Во 70-тите јавноста во Амстердам силно се спротивставува на автоцентричните визии. Градот не ги исклучува автомобилите, ги прифаќа, но не дозволува да биде нивен роб, ги става на второ место. Безбедноста во сообраќајот, зачувувавањето на архитектурата, квалитетот на живот во соседствата, човекомерните визии победуваат како концепт.

Има два начини да се реши метежот во сообраќајот:

1. Привилегирање на индивидуалните возила и градење нови и нови ленти за коли, нови и нови паркинзи за коли (некогаш на сметка на зеленило, некогаш на сметка на пешачки и велосипедски патеки, некогаш на сметка на архитектура, некогаш и под земја или над земја- скапи проекти и често неодржливи).

2. Привилегирање на пешачењето, возењето точак, јавниот превоз кои превезуваат поголем број луѓе во истиот простор отколку автомобилите, кои побаруваат помалку финансии и кои се пристапни за поголем дел од жителите и попријателски за околината (помала бучава, помало загадување, помал метеж).

Во каква средина би сакале да живеете?

Извор: НаТочак

ОкоБоли главаВицФото