Политичката сатира на бугарскиот карикатурист Ивајло Нинов

28.11.2017 23:42
Политичката сатира на бугарскиот карикатурист Ивајло Нинов

Ивајло Нинов е бугарски уметник и карикатурист. Роден е 1960 година во Софија. Дипломирал на Националната академија за уметност во Софија, со специјалност графика. Објавува карикаутри од 1978 година во весниците „Стршел“, „Поглед“, „Антени“, „Вечерни новини“ и многу други.

Од 1983 година работи во весникот „Стршел“ во кој е уредник од 1988 година па сè до денес. „Стршел“ е најславниот хумористичен весник во Бугарија, кој излегува од 1946 година до денес, без да го промени името.

Ивајло Нинов имал многубројни самостојни изложби во Бугарија и во странство: изложувал во Братислава, Виена, Белград, Будимпешта, Прага, Берлин, Лондон и на многу други места. На неговата изложба со наслов „50 на 100“, Нинов претставил 50 карикатури нацртани по повод првите сто дена од владеењето на Бојко Борисов.

ОкоБоли главаВицФото