1011 hPa
43 %
20 °C
Скопје - Пон, 20.04.2026 16:59
Култната серија „Пријатели“, благодарение на Александар Дојранлиев, добива ново македонско, судско продолжение. Погледнете ја најавата!
Не знам како денешната војска гледа на тоа, но можам да ви кажам дека во 1980-тите, Хегсет би бил избркан од Вашингтон. Ако изведете таков трик со некое лажно христијанско позирање, тој не би го преживеал тоа. Луѓето би станале. Генералите би му пристапиле и би му рекле: ’Слезете од бината, господине. Нè понижувате.‘ Претседателот би добил телефонски повик и би го отпуштил на место.
Самата идеја Хегсет да се претставува како некаков христијански крстоносец... тоа не е она што го правиме во војската. Тоа не е ставот што го заземаме. Имаше еден генерал Бојкин, поранешен командант на ’Делта форс‘, кој по 11 септември изјави дека сме крстоносци кои одат против муслиманските терористи, и тој беше укорен бидејќи тоа не е она што го правиме. Ние сме аполитични. Ние ги одвојуваме црквата и државата.
А тука го имаме Хегсет како позира како современ крстоносец. Ова е антитеза на сè за што треба да се залагаме во војската. Дополнително го поевтинуваат христијанството — всушност, тоа не е ни христијанство, тоа е Стариот завет — но сакам да кажам, Квентин Тарантино напиша брилијантно сценарио и тој пасус од Семјуел Л. Џексон ќе остане во филмската историја како еден од најдобрите моменти. Но, Хегсет се обиде тоа да го претвори во реалност, припишувајќи му го на пилот... ова е нешто што деградира. Ова е нешто поради кое Хегсет треба веднаш да биде избркан од функцијата, веднаш отпуштен. Наместо тоа, како што рече Лари, целата оваа администрација е полна со ликови од цртани филмови, а Хегсет само се вклопува меѓу нив.
Скот Ритер, воен аналитичар, 20.04.26.
Те знам грешко уште кога беше добра идеја!
Темплум - саемски каталог од 92 страници со внимателно одбран избор на наслови и нови изданија.
Списанието за култура „Маргина” #95 е број посветен на попреченоста.
2009-2025 okno.mk, сите права се задржани.



