1010 hPa
73 %
20 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 09:59
Истражувањето спроведено минатиот месец во The Journal of Sex and Marital Therapy наведува дека на речиси 37 проценти од Американките им е потребна неопходна стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам, додека 18 проценти можат да доживеат оргазам и само со вагинална пенетрација.
Деби Хербеник од Центарот за промоција на сексуално здравје на Универзитетот Индијана, вели дека резултатите од студијата покажале дека кај жените постои широк распон сексуални вкусови и избори по прашањето за допирањето.
Објавено во соработка со OMGYes, фирма која се занимава со „науката на женското задоволство“, ова истражување опфатило над 1000 жени на возраст од 18 до 94 години. Претходно од OMGYes објавија 1000 разговори со жени на тема секс. Вкупниот број од 2000 испитанички го прави овој проект најобемен досега, спроведен на темата женско задоволство.
Испитаничките одговориле на триесетина прашања за сексуалните навики, мислењата, искуствата, вклучувајќи ги тука деталите за разни видови генитално допирање. Речиси 37 проценти од нив навеле дека доживуваат оргазам само со помош на стимулација на клиторисот, додека 36 проценти рекле дека не им е стриктно неопходна стимулација на клиторисот, но дека тоа го зголемува ефектот. Само 18 проценти од нив тврдат дека за оргазам им е доволна вагинална пенетрација, додека 9 проценти пријавиле дека не доживуваат оргазам за време на сексуалниот однос, или постигнување оргазам со друг вид стимулација како што е на пример оралниот секс.
Кога станува збор за субјективното поимање на задоволството, повеќето жени велат дека оргазмот позитивно им влијае кога „возбудувањето се гради постепено“, кога „партнерот знае што сакам“, и кога „постои емотивна интима“. На темата за самиот допир, две третини од испитаничките наведуваат дека најмногу им одговара директното допирање на клиторисот, претежно „горе-долу“, и тоа со умерен притисок.
Ова истражување донесува статистички податоци што ѝ недостасуваа на науката за женското задоволство, па делумно во оптек се задржаа неоснованите фројдовски ставови за природата на женскиот оргазам.
„Клиторисниот оргазам Фројд го поврзувал со адолесценцијата; тврдел дека во пубертетот, кога жените почнуваат да практикуваат односи со мажите, нивниот центар за оргазам се транслира во вагината“, пишувала феминистката Ен Коет 1970 година во својот познат есеј со наслов „Митот за вагиналниот оргазам“. „Некогаш се мислело дека вагината е способна да направи чувство на оргазам, само поисполнет и позрел од оној со клиторисот. Залудно долго се работело на обиди да се развие оваа теорија, но малкумина се обидувале да ја оспорат основната претпоставка.“
„Идејата дека постојат позрели и помалку зрели оргазми е будалаштина“, вели Хербеник. „Исто така не ја сакам ни дистинкцијата помеѓу клиторисниот и вагиналниот оргазам зашто сите анатомски нервни јазли се исклучително мали и блиско поврзани. Не мислам дека може да се постигне нешто корисно дискутирајќи кои нервни завршетоци ни пружаат подобар вид оргазам.“
Хербеник смета дека женскиот оргазам е суптилна појава која, историски гледано, не сме ја истражиле доволно. Бидејќи спровела една од првите студии за овој феномен со национално репрезентативен статистички примерок за САД, Хербеник со своите соработници прави важен чекор во насока на подобро разбирање на женското сексуално здравје.
„Првото статистички репрезентативно истражување на федерално ниво е спроведено на почетокот од дваесеттите години, а второто го спроведе нашиот тим дури во 2009 година. Празнината е воочлива. Дел од причините заради кои студиите за сексот се спроведуваат ретко лежи во цената. Државата никогаш не била подготвена финансира вакви истражувања.“
И покрај тоа, претходните истражувања на женското задоволство биле или ограничени според бројот испитаници или ги занемариле деталните прашања за сексуалното допирање. Недостатокот од субјективни податоци за гениталната чувствителност само ги отежнува испитувањата на невролошките мрежи во гениталниот регион, како и сексуалното образование и клиничките интервенции, сметаат Хербеник и нејзиниот тим.
Иако, неодамна објавеното истражување беше едно од најтемелните истражувања до ден денешен, Хербеник вели дека сè уште нема одговори на многу прашања.
„Ме заинтригира податокот дека 41 процент од жените инсистираат само на еден вид допир. Би било интересно во следното истражување на тие жени да им понудиме да пробаат други видови, за да утврдиме дали навистина им одговара само еден ист стил или би можеле да ги прошират видиците.“
Хербеник смета дека резултатите од нејзиното истражување укажуваат на значењето на комуникацијата во спалната соба. „Ако толкав број лица навистина сакаат само едно нешто, потребно е отворено да се разговара за да се открие кое е тоа нешто; тешко дека може да се стигне некаде со нагаѓање.“
„Во своите предавања за човечката сексуалност секогаш им сугерирам на луѓето да му кажат на својот партнер дека нема потреба да се ограничуваат на една страна од сексуалната активност која им одговара. Сè уште сум голем поборник на експериментирањето.“
Слики: Gabriella D'Abreau
Извор: https://www.vice.com