Повик за учество во перформанс на „Что делат“ на фестивалот КРИК

30.11.2017 15:40
Повик за учество во перформанс на „Что делат“ на фестивалот КРИК

КРИК - фестивал за критичка култура објави повик за учество во колаборативниот перформанс „За настанувањето“, кој за време на одржувањето на фестивалот ќе биде предводен од членовите на светски познатиот уметнички колектив „Что делат“.  

Семинарската подготовка на колаборативниот перформанс: „За настанувањето“ќе ги водат Дмитри Виленски, Олга Егорова, Оксана Тимофеева и Нина Гастева. (Дел од колективот “Что делат” (Што да се прави? Русија)

Датуми на одржување: 13 - 17.12.2017
11:00 – 17:00, во Музеј на Современата Уметност Скопје (секој ден колаборативно создавање на перформансот)
Премиерата на перформансот ќе се одржи на 17.12.2017, со почеток во 20 часот

Рок за пријавување: 10 декември 2017 година. Бројот на учесници е ограничен на 15. Потврдата на учество како и понатамошни детали: 11 декември 2017 година
За учесниците ќе бидат обезбедени ручек и освежување.

Пријавување на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/1gwq9Lxpl9rjF38tc40t6SXkgWITJnxfDXoyCpES...

Во описот на годинешната тема на фестивалот за критичка култура КРИК се вели:

„Сите ние транзитираме од една состојба на нештата и битието кон друга. Ништо не е фиксно, стабилно и засекогаш дадено. Сè се менува во овој свет, со динамика на возбуда или резигнација во однос на промената. Движењето од точката А до точката Б никогаш не е во директна насока, и кога некој заминува од точката А мали се шансите директно да стигне до точката Б. Најчесто завршува/застранува на некое друго место.

Од неодамна забележуваме одредена фетишизација на настанувањето/трансформацијата од страна на таканаречените прогресивни луѓе – кадешто процесот станува поважен од резултатот, да се биде различен и провокативен по секоја цена е cool, идентитетот може да се смени во секој момент, флуидноста станува култ. Каде нѐ води оваа позиција? Дали стабилноста е проколната?

Мора да признаеме дека ваквата позиција добро се совпаѓа со суштината на капитализмот - „сѐ што е цврсто, се топи во воздухот". Затоа, во денешно време е тешко да изградиме какви било форми на отпор и да ги замислуваме анти-заробените форми на живот, ако сме заглавени во повеќе или помалку истата реторика на бескрајната трансформација, и на отфрлањето на каква било суштинска сила во општеството и луѓето?

Ваквата состојба може да се смета и како проблем и како парадокс. Затоа, да се обидеме да се справиме со тоа!
Во тој случај, се прашуваме кои се можностите за спојување на настанувањето со резултатите од настанувањето? Која е нивната стратегија и тактика? Каков вид на свест треба да стекнеме, за да можеме да се избориме против промената на светот од страна на наративите на моќта, кои наметнуваат својата фиксирана и цврста слика за наличјето на борбата и јасни вредности за насоката на трансформација. Дали можеме да ги истражиме нашите облици на отпорот и нашата утопија за трансформацијата?“

Низ петдневниот семинар и едукативните перформативни работилници, заедно со групата на учесници ќе се истражуваат и артикулираат овие теми, но ќе се отвораат и многу други прашања поврзани со оваа проблематика.

 

ОкоБоли главаВицФото