Полека бе, Мајки Терези, полека!

30.11.2017 23:41
Полека бе, Мајки Терези, полека!

Ги читам сите овие напувани интелектуалци

што серат деновиве

како биле згрозени од нас дивата орда

која се дрзнала да се радува што Груевци завршија во ќорка.

Па избацуваат тамо цитати од

Ганди,

Буда,

Ленон

и тамо некои со тешки имиња

од читанките по филозофија

што никад не ги прочитав.

Све тоа убаво бе дечки,

стварно,

ептен сте срцки,

многу фини луѓе сте,

цивилизирани,

пуни со разбирање

и моќ на простување.

Ама некако ептен ми идете на нерви.

Сè си мислам

проблемот е што не сте доволно млатени

со шипки по глава.

Режимот сте го промашиле,

ве одминал курот на режимот,

не ви влегол сосе песок

и сосе вунестите патриотски јајца.

Газот не ви се расцепил на два дела затоа вака серете сега.

Ја како тепан повеќе пати со шамари,

клоци и шипки,

избркан од работа на улица,

суден со десетина тужби

на вкупно 50000е барана оштета

за клевета и навреда,

со години се будев во хорор и уплав

и иако атеист се крстев три пати

да не ни ја исклучиле струјата во сред зима

со жена и бебе кое сеуште цица,

фрижидерот кога ќе го отворев низ годините

кога ќе ме млатнеше една промаја

бришаниот простор внатре беше застрашувачки:

едно јаце еден маргарин

една тегла до пола со ајвар

и една виршла

играа оро со години во мојот фрижидер

и ми предизвикуваа вистински ужас во психата.

Сметките и долговите беа километарски,

тужбите неброени,

заканите и ќотеците не се трпеа,

државата ни ја газеа,

со години нè газеа,

затвори полнеа,

држава пљачкаа,

гневот ми правеше киселини

кои гризеа чир во желудник.

А како ли се чувствувале сите оние

кои завршија по затвори со измислени процеси,

им уништија компании

градени со децении како нивни чеда.

И сега не ни се дава да се израдуваме малце

кога тие гадови, тие штакори

конечно завршија во затвор!

И пази,

не ги тепаме,

не ги ритаме,

ниту ги плукаме,

ниту ги пцуеме при апсењето,

туку на фб,

по порталчиња си изразуваме радост,

на твитер.

И ни нарипаа овие пуританците,

овие начитаниве

одма да нè искараат

како ние сме биле неписмени говеда,

стока нецивилизирана,

сме се дрзнале да се израдуваме

на црната судбина на џелатите

кои ни ја цицаа крвта една деценија.

Полека бе Мајки Терези,

полека,

ептен сте се внеле во тоа милосрдието,

некои хиени не заслужуваат толку љубов и разбирање,

некои хиени треба малце по муцката и по газот,

или ај кога тоа веќе е претерано,

па бар да ги опцуеме вака од далеку,

срцето малку да си го погалиме,

остајте нè,

уште нè болат раните и џумките кај што сме крпени!

И, да:

има и општествена корист

од нашето радување,

некои идни копилиња

треба да го видат ова

и да разберат дека не се исплати

да крадеш,

да угнетуваш,

да лажеш,

да рушиш,

да уништуваш луѓе,

држава,

све пред себе,

Макијавели сепак не се исплати.

Тоа е, дечки,

престанете да глумите лудило

и да ни држите лекции

маму ви ебам наивно препотентно!

Боли казната,

боли затворот,

боли конфискацијата на украденото,

но мора да боли и исмевањето

и гласната радост за нивната црна судбина.

И таа казна ја не планирам

да им ја ускратам,

све да им ебам нездраво нечовечко!

Ние не ја баравме оваа битка,

ние ја добивме оваа битка не нарачана,

немој нас да нè обвинувате,

ја попрво би сакал да си ја имам уште

мојата емисија Политико

и досега да си имам

стан, викендица и три коли,

ама тоа е што е,

времето не може да го вратиме,

затоа престанете со морализирање,

остајте го народот нека се радува,

не јадете гомна!

Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото