Војната во Мостар

01.12.17 02:21

Наместо коментар за изрекувањето на судската пресуда во Хаг, со која таканаречените „херцегбосански шестмина“ – Јадранко Прлиќ, Валентин Ќориќ, Бруно Стојиќ, Слободан Праљак, Миливој Петковиќ, Берислав Пушиќ – беше прогласена виновна за воени злосторства и здружување во злосторнички потфат на чело со Фрањо Туѓман и Гојко Шушак, го објавуваме 45 минутниот документарец за војната во Мостар.

Филмот го продуцираше и објави британската Би Би Си. Британските новинари главно снимале во таканаречениот источен Мостар, дел од градот во кој за време на војната беше притисната бошњачката популација. Станува збор за документарни записи за животот стеснет во неколку улици, под постојано гранатирање, односно сведоштво за тоа како мостарските Бошњаци ги поминувале воените денови, луѓето кои споменатата пресуда ја дочекаа како еден вид сатисфакција.

Извор: http://lupiga.com

ОкоБоли главаВицФото