Закани за силување заради неизбричени нозе

01.12.2017 15:11
Закани за силување заради неизбричени нозе

Шведската фотографка и модел Арвида Бистром (Arvida Byström) се појави во рекламната кампања на Адидас „Икони на утрешнината"( Icons of Tomorrow) и е нов модел за патиките „Суперстар“

26-годишната Арвида, која често на социјалните мрежи објавува свои фотографии на кои ги покажува своите небричени пазуви и нозе, во рекламата е облечена во краток фустан што ги открива влакната на нозете.

По објавувањето на видеото, Арвида доби голем број негативни коментари, а некои ја нарекоа „одвратна" и „валкан феминистички имбецил". Набргу потоа, на својот Инстаграм профил таа објави порака во која наведува дека добила закани за силување заради тоа што се појавила во кампањата и истакнува дека не може да поверува дека на некои луѓе толку многу им пречи еден таков детал на нејзиното тело.

„Не можам да замислам како им на оние кои ги немаат сите привилегии што ги имам јас и што се обидуваат да живеат во овој свет", пишува таа.

Од Адидас порачаа дека „е чест да се работи со уметници како што Арвида поради нејзината креативност, различност и оригинални идеи", додавајќи дека со кампањата, која „ја испитува женственоста и родовите стереотипи, користејќи ја т.н. „женска естетика“, сакале на соработниците да им дадат платформа за позитивност, дискусија и промени. Она што не го кажале е дека нема да им наштети малку контроверзност околу кампањата.

Заедно со уметницата Моли Содом, Арвида оваа година ја објави книгата „Pics Or It Didn't Happen“ која содржи 270 фотографии на жени кои се избришани од Инстаграм поради кршење на правилата за користење.

Во 2012 година, таа се појави во серијата фотографии насловена „There Will Be Blood“ што прикажува жени со менструација.

 

Извор: voxfeminae

 

Слични содржини

Активизам / Свет / Живот / Уметност / Музика
Општество / Активизам / Свет / Живот
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Активизам / Јавни простори / Свет / Теорија

ОкоБоли главаВицФото