Заминувањето на симболот на латиноамериканскиот отпор

02.12.2017 02:08
Заминувањето на симболот на латиноамериканскиот отпор

На вториот самит на Заедницата на латиноамериканските и карибските држави (CELAC) на 29 јануари 2014 година, претставниците на 33 земји од регионот го прогласија Фидел Кастро за „политички и морален водач на Америка“. Таа титула ја надополнува „Maximo Lidera“ која веќе ја има на Куба. Како илустрација за модерен Давид, Кастро ја отелотворува борбата против северноамериканскиот Голијат. Со инвазија на постојани обиди за атентат, економско ембарго и финансирање на опозицијата, Вашинготн се обиде со сите средства што ги имаше на располагање за да ги симне од власт „брадестите герилци“ што ја изведоа револуцијата во 1959 година и така во корен ја загуши опасноста која ги претставува нивните амбиции како најголема сила на светот.

Токму како што „советската закана“ ги натера европските елити на одредени социјални отстапки во втората половина од 20 век, Куба ги принудуваше САД да ја прилагодуваат својата политика според „задниот двор“. Претседателот Џон Фицџералд Кенеди на 13 март 1961 година во својот прв говор повика: „Да го претвориме повторно американскиот континент во колевка на револуционерните идеи [...] Повторно да ја разбудиме нашата американска револуција за да може да им биде водач на народите од целиот свет.“ Дали американскиот претседател ќе користеше таков речник ако борците од Сиера Маестре – спротивно на сите предвидувања и предупредувања – претходно не ја поразеа корумпираната диктатура која уживаше поддршка од САД? Сепак, ќе треба да помине повеќе од половина век за Вашингтон (делумно) да се откаже од санкциите што им ги наметна на земјата и народот и кои со воведувањето малку правда им ги нарушија плановите во регионот кој долго беше изложен на брутално владеење на диктатори и тирани.

Куба приближно има жители како и соседната земја Хаити. Можеби тоа е и најдобрата илустрација како ќе изгледаше оваа земја во поглед на образованието, здравството, националната гордост и меѓународниот престиж ако не беше револуцијата. Денес нема држава што се цени себеси, а да нема амбасада на островот. Ваквото уважување, кое го овозможило митот за една од најголемите револуции во историјата на човештвото, е изградено на залагањето на навистина посебни луѓе. На почетокот беа едвај неколкумина, а Фидел Кастро беше еден од нив. Уште на 13 години го организирал својот прв бунт: штрајк на работниците на плантажата за шеќерна трска на својот татко.

Кога во 1960 година ја посетил Куба, Жан-Пол Сартр напишал серија текстови и репортажи за островот кој штотуку ја повратил гордоста на Латинска Америка – настојувал да стане главен стожер на револуционерите од Трите континенти (Америка, Африка и Азија) – и ги насловил „Ураган во шеќерот“. Во нив напишал: „Еден од најголемите скандали на кубанската револуција не е тоа што ги експроприрала плантажерите, туку што на власт поставила деца [...] Ако ни треба некаква јасна илустрација за промените – а, ни треба – тоа без никаков сомнеж е младоста [...] Наместо само ознака на животното доба, таа тука станала карактеристика на водачите [...] За да заповедате не смеете да бидете меѓу оние кои живееле долго; за да слушате, доволно е да бидете постари од триесет“.

Исто така, филозофот предупредил: „Кога човекот-оркестар е премногу стар, револуцијата чкрипи, премногу е ригидна.“ Во децениите немаштија, конфликтите и репресијата донекаде го заматиле славниот биланс на револуцијата. Со години тоа веќе и не е онаа Куба каква што во свеста на целиот свет ја изгради овој човек-оркестар.

Извор: http://lemondediplomatique.hr

ОкоБоли главаВицФото