(одовде не може да се замине...)

04.12.2017 16:10

одовде не може да се замине
ние сме последните ова е нашиот свет
и така било отсекогаш
од греалката до прозорецот, забавено како на филм
од дното на земјата загреана со алкохол
кај нас се качува работникот
да нѐ научи како и зошто
и знаеме дека има право
на сиви железнички станици оставивме сè што можеше да се остави
сега ќе си ја оставиме и сопствената глава
спакувана во весници, за иднината
во лудилото на ноќта, ноќните пеперутки си ги пипкаат вените
зачудени што можат да ги најдат
кај што се, топли и меки.
во лудилото на летната ноќ пеперутките излегуваат
и прават парампарче од сè што ќе им излезе пред нос
со црвени очи од чад и од радост
за нас сето ова постои сè додека крвта е топла
за нас, последните новороденчиња во еден мувлосан и тежок град
со ноќи мувлосани и тешки

Превод: Лидија Димковска

Руксандра Новак (1980) дипломирала романска и француска книжевност на универзитетот во Букурешт. Нејзината прва поетска збирка „Екографити, педагошки песни, знамиња на кули“ беше објавена во 2003 год. и дочекана со воодушевување од романската и меѓународната книжевна јавност. Од тогаш нема објавено нова збирка.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото