1011 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 02:04
Одвреме-навреме забораваме на сè за да се посветиме на најважната безвезна тема. Тоа е во нашите карактери: темелноста во пристапот секогаш ни е правопропорционална на глупоста со која сме решиле да се занимаваме. Ако самата тема не е доволно глупава ние задолжително го одбираме најглупиот аспект.
Еве, земете ја, на пример, сенационалната и, јас би рекол, сензационална, дебата за смената на челното место на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме еден огромен радиоактивен инкубатор кој секоја секунда исфрла во нашата животна средина нови вируси, бактерии, смрт и разорувања, но нацијата, со сета своја енергија и страст, расправа само за тоа кој би можел да биде новиот оператер на оваа злосторничка инсталација. Тоа е главна тема. Море, не главна-единствена!
Луѓето со право доживуваат важна сатисфакција во поразот на Велеидиотот, други се заебаваат со тоа кој чипиран говњар може да го замени, во рамките на злосторничкото здружение си се водат борби и расправи врз основа на сосема други критериуми итн. Но, за мене најинтересен е ставот на власта кој се состои од надежи дека политичките партнери или соперници од ВМРО-ДПМНЕ, така мислам дека ги викаат, бргу ќе го решат прашањето на своето лидерство и ќе стапат во кооперација со власта во врска со европските и евроатлантските перспективи на земјата, особено околу тешките прашања за кои ќе биде неопходен консензус. Власта имала интерес од силна опозиција, бла бла бла! Тоа што таа опозиција е Зло не е тема. Ние, односно тие ќе го протнеме Злото во името на општото добро. Јас мислам дека тоа е опортунистички пристап кој може да има смисла само ако е тактичка варијата која ќе му овозможи на ВМРО-ДПМНЕ, низ благи дози на општествена и политичка анестезија, побргу и побезболно да умре, но ако основната идеја почива на очекувањата дека тој радиоактивен инкубатор под раководството на новиот оператер ќе почне да произведува пуканки или шеќерна волна, тогаш е тоа тежок и опасен инфантилитет.
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Дојранлиев