Лекот е петпари ако го знаеш

05.12.2017 14:22
Лекот е петпари ако го знаеш

Еден гратис совет за владава - „пиар“ не се прави со перење мозок на народот со ботови и армија портпароли, туку со конкретни потези - како во шах, на секоја акција мора да следува реакција (само не вербална).

На пример - некој е фатен со рацете во медот, дрпа од државните пари (авантуристот, диковците, неколкумина што арчеа по кафеани) јавноста дознала и се скандализирала. Чаре? Мора да биде разрешен или „кандисан“ да се повлече со глупо образложение, и - угледот на владата се реставрира, колку-толку. Исто важи и со министри и други високи функционери што влечат негативен „одиум“ за власта.

Ако не се прави така, постојано и во секоја непријатна прилика, политичкиот капитал на секоја власт, колку и да е голем, се топи како снег на сонце..

Власт што не размислува така, туку повеќе се грижи нејзините експоненти да се чувствуаат заштитени и презаситени, се соочува со проблем при следните избори. Тогаш, бидејќи е доцна да се врати угледот што долго време расипнички се трошел, обично се нема време, па се посегнува по експресни решенија - клиентилизам, притисоци, закани, дубари...

Во таква замка паднале сите досегашни власти. Зошто мора туѓите лоши искуства да се повторуваат? Лекот е болен, но единствен исправен - јавна осуда, разрешувања, оставки, смени, реконструкции. Така се праќа порака кои се новите правила на игра. Поарно порано отколку подоцна...

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Карикатура: Луис Џејми