(она што најсилно те обврзува...)

05.12.2017 15:04

она што најсилно те обврзува
да се склопчиш среде собата и да ги викнеш да те бараат
душкајќи го подот и смеејќи се дементно, дементно,
здравата и болната страна
што сите ја знаат но никој за неа не зборува
кога подизлегов од периодот на адолесценција подоздравев
и колку повеќе излегував сè поздрава бев
така што сега сум сосема добро
и спокојно го чекам мигот
и не сакам повеќе да знам каков е, туку колку трае
како порано, кога правев експерименти со самата себе
и не сакав да знам како е, туку колку трае
небаре пациент споулавен од долната облека на медицинската сестра
небаре дете без играчки.

но сè, сè ќе заврши
кога со лифтот ќе стигнам кај него
кога неговата голема и крастава дланка ќе ме погали по челото

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото