Другари, да се опаметиме!

05.12.2017 23:57
Другари, да се опаметиме!

Пробав да се воздржам од коментар, зашто, нели, сега од оваа позиција не треба да коментирам, туку да преземам мерки, ама не се издржува...

Значи, патни трошоци од илјадници евра месечно, летање со бизнис класа, исплаќање бонуси на функционери од неколку плати, сè се тоа еклатантни примери на неодговорно трошење на народните пари. Џабе се мачиме ние да скратиме непродуктивни трошоци во буџетот, џабе се трудиме да пласираме слика дека одговорно се однесуваме со парите на граѓаните, кога ќе се појави нешто вакво и ќе ти сруши сè. И таман ќе се смири бурата и ќе си помислиш дека лекцијата е научена, ете ти веднаш друг таков случај.

И не помагаат тука никакви правдања од типот - сè е по уставот и законите, зашто уставот и законите треба да им обезбедат храна, облека и дом на стотиците илјади сиромашни во оваа држава, а не дебели заработки на државните функционери.

Ок, јасно е дека со години беше наметнувана култура на владеење, однесување и размислување, според која власта служи само за лично богатење. Ок, јасно е дека ова не може да се смени преку ноќ. Ама па тоа не значи дека не треба ни да пробаме да ги смениме работите.

Да се опаметиме, другари, зашто вака почнува да наликува на онаа „све је исто, само њега нема“.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Роберт Атанасовски

ОкоБоли главаВицФото