Кооператива – Регионална платформа за култура

07.12.2017 10:29
 Кооператива – Регионална платформа за култура

Во рамки на овогoдишното собрание, Кооператива – Регионална платформа за култура организира два јавни настани околу различните динамики на соработка и продукција во контекст на регионалната независна сцена. Јавната програма ќе се одвива на 7-ми и 8-ми декември, во Музејот на современата уметност во Скопје.

Тркалезната маса под наслов Перспективи на институционалната рамка за соработка во културата во регионот, планирана за четврток, 7 декември, во 17:30 часот, ќе ги обедини видувањата на Роберт Алаѓозовски, Министер за култура на Република Македонија, Теодор Целаковски, член на Управниот одбор на Кооператива и Предграг Цветичанин, директор за Емпириски студии на Југоисточна Европа. Дискусијата ќе навлезе во суштината на практиките развиени во рамки на мрежата и ќе ги разгледа можностите на градење на одржливост во размената и соработката помеѓу сите засегнати во незавинсниот културен сектор во регионот.

За панел дискусијата под наслов Социо-културни центри во регионот - искуства и перспективи за регионална соработка ќе се одржи во петок, 8 декември, во 18:00 часот, предвидено е да се чујат расмилувањата на претставници на културните мрежи од регионот. На панелот со кој претседава Милица Пекиќ, член на Управниот одбор на Кооператива и основач на Киоск - Платформа за современи уметности, ќе учествуваат Јадранка Плут од словенечката мрежа Асоцијација која ќе претстави два различни модели на институции развиени во Словенија, Лука Кнежевиќ-Струка од Независна културна сцена на Србија кој ќе разговара за моделот на културниот центар Магацин, Јане Чаловски претседател на македонската мрежа Јадро – Асоцијација на независната културан сцена, кој ќе зборува за моделот на цивилно-јавно партнерство конкретно преку примерот на Културно-социјалнот простор Центар-Јадро во Скопје основан од Општина Центар и Јадро, додека Томислав Медак, член на управниот одбор на операцијата Градска мрежа ќе го претстави Погон - Загребски центар за независна култура и младина, исто така пример на цивилно/јавно партнерство. Целта на панелот е да се поттикне размена на знаења и практики за развивање на различни модели на ко-владеење во новите институционални рамки.

Кооператива - Регионална платформа за култура е регистрирана во август 2012 година во Загреб, како невладинo, непартиско и непрофитно здружение на правни лица. Тaа е регионална мрежа на организации кои работат на полето на независна култура и современа уметност во Југоисточна Европа. Кооператива заеднички ја основаа 21 независна културна организација од земјите во регионот: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија, активни во сите области на современата културна и уметничка практика.

Кооператива е основана со цел да се создаде долгорочна и одржлива рамка за соработка и развој на независни културни организации во Југоисточна Европа. Во согласност со основната цел на нејзиното основање, Кооператива работи на зајакнување на капацитетот на независните културни организации преку пренесување на добри практики и знаења; зајакнување на актерите кои придонесуваат за развој на културните политики во регионот; и создавање на услови за континуирано спроведување на заеднички проекти меѓу независните културни организации кои работат во различни земји од Југоисточна Европа.

http://platforma-kooperativa.org/en/home/

ПРОГРАМА:

Четврток, 7.12. 2017

- 17:30 - 19:00 - Тркалезна маса: Рамка за институционализација на соработката во регионот - Учесници: Роберт Алаѓозовски (Министер за култура на Република Македонија), Теодор Целакоски (Kooperativa - член на Управниот одбор), Предраг Цветичанин (социолог уметност, Центар за емпириски културни студии на Југоисточна Европа)

Петок, 8.12. 2019

- 18:00 - 19:30 Тркалезна маса: "Социјално-културни центри во регионот - искуства за развој и регионална соработка" Учесници: Јане Чаловски (ЈАДРО, Македонија), Јадранка Plut (Асоцијација, Словенија), Томислав Медак (Операција Град, Загреб), Лука Кнежевиќ Strika (ICS, Белград) Модератор: Милица Пекиќ (член на Коалиција - член на Управниот одбор)

 

ОкоБоли главаВицФото