Product description

07.12.2017 13:42

ѝ припаѓам на ромската народност.
имам 25 години, немам работа, немам дом, немам школо.
знам да читам. можам да се потпишам.
изјавувам дека сум клинички здрава.
на сопствена одговорност изјавувам дека никогаш не сум се проституирала.
на сопствена одговорност изјавувам дека не земам забранети супстанции.
не крадам. никогаш немам крадено.
редовно се мијам. двапати неделно се капам.
имам двајца браќа и составена сум од две раце две нозе торзо два колка генитален апарат
две гради еден врат и една глава на која пропорционално се поместени следниве елементи: две очи, две веѓи, две уши, еден нос, една уста. неколку десетици илјади влакна црна коса. не поседувам вошки, не се бојосувам. досега немам родено и немам абортирано.
само еднаш бев во болница за операција на слепото црево.
имам малку патувано. никогаш надвор од земјата.
понекогаш имам гасови.
водам активен сексуален живот.
користам кондом како единствен метод на контрацепција.
гледам тв-програма просечно четири часа дневно. немам политички опции,
а ни омилена позната личност.
иако ми се допаѓа кајли миног.
најмногу ми е страв од скриена камера и од месарници.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото