Климент

08.12.2017 11:24
Климент

Едното око на другото
клепка му краде.

Меѓу себе забите се апат.
Ушите не се видуваат
да се зграпчат за уши.

Мозокот жедно себеси се пие.
Глава сум неглава.
Стоглавник без глава.

Громовите в љубов
јас труден со молни.
На луѓево чума јазик им џвака
јас онемувам.
Затоа на мојата лика зографска
оган седалка глобочи.
Секнатото езеро
ми капе само од очи.

Па добро
очите ќе си ги ископам
за да прогледа слепилото.

Слушаш
очите.

На сликата: Споменик на Св. Климент Охридски пред Националната и универзитетска библиотека во Скопје, дело на Петар Хаџи Бошков

Слични содржини

Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото