1023 hPa
87 %
8 °C
Скопје - Пон, 02.12.2024 11:15
Да се искуси албанскиот јазик со сите негови контрадикции, но и неговото изобилство на живот, значи да се практикува толерантност, коегзистенција и живот еден крај друг и покрај нашите разлики. Исто така значи да се има пошироко сфаќање за нештата и да се биде во состојба да се сфатат различните аспекти (без разлика колку се оддалечени еден од друг) на некоја реалност, како дел од целината.
Затоа што елиминирањето на границaта со албанскиот јазик значи бришење не само на нејзините манифестни компоненти, туку и надминување на дисхармонијата која таа ја нагласува. Преминувањето на поширок дијапазон за јазикот значи одење кон нешто ново, нешто кое знаеме дека ќе биде различно од она од кое доаѓаме. Тоа вклучува одлука дека нема да поткленуваме преку препораката, подготвеност да се мине прагот и да се искуси различното, да се почуствува различното и да се направи промена.
Во капитализмот на социјалната држава и масовна демократија како што е и нашата драга Македонија, јавното мислење повеќе не се формира низ отворена и слободна критичка дебата, со користење рационална аргументација, со цел да се постигне консензус; наместо тоа, тоа е администратирано и управувано од политичките и медиумските елити.
(Дали имавме јавна критична дебата за албанскиот јазик? Не, и не верувам дека ќе има.)
Оттаму, тоа повеќе не ги претставува заедничките интереси на јавноста како целина, туку посебните приватни интереси на елитите. Рационалниот консензус постигнат преку отворена и слободна дебата е заменет со фабрикуваното мислење од анкетите и експертите, што за жал се инегзистентни. (Ќе објавам еден статус на Фејсбук, и тука завршува интелектуаното мислење.) Во овој процес на „повторна феудализација“ на јавната сфера, јавноста ја губи својата критична функција за сметка на исценираната претстава; дури и аргументите за албанскиот јазик се преобразуваат во симболи на кои повторно не може да им се одговори преку спрoтивставување, туку само преку идентификација со нив.
Во сите т.н. билборди, собраќајни знаци каде англискиот јазик има предност, албанскиот е трет по ред, некаде и не е присутен воопшто!
Живеeјќи со една нога во Приштина и другата во Скопје, сведок сум, но сите сме сведоци дека Албанците од Косово се најголемите туристи што партиципираат и го зголемуваат буџетот на Република Македонија. Треба само да го посетиш Сити Мол и другите капиталистички мега-објекти, приватните болници, ресторани, кафулиња секој петок, сабота и недела и ќе слушате како Албанците од Косово се обидуват да се вклопат во македонскиот јазик.
Рестораните во Македонија немаат албанско мени, некои немат и на англиски и тука е непотребната граница.
Наместо сфера на индивидуална партиципација на албански и македонски граѓани со рационален дискурс и јавна дебата, кај нас постои спектаклот со својот посредуван, обликуван и ограничен јавен дискурс раководен од страна на корпорациите и внатрешната политика.
Нели треба резултатот да е спојување на економските политичките и културни сфери? Манипулативните културни индустрии и администрaтивното општество, јавната сфера, наместо средина за рационална критичка дебата станаа арена на рекламирањето.
Македонската етничка припадност не треба да биде загрозена од официјализацијата на албанскиот јазик. Наместо тоа, формализирањето на јазикот е само мост за создавање мултиетничка држава, пред сè национално и културно богатство.
Албанскиот јазик не е граница туку е мост и алатка за сите граѓани во нашата Македонија. Ако еден Македонец чуствува дека Албанскиот јазик е граница, тој/таа треба да знае дека границите гo означуваат крајот на еден свет, но и почетокот на друг.
Како такви, тие се прагови се места кои треба да бидат преминати, пречки кои треба да бидат надминати: линијата која разделува е исто така и нешто што поврзува, место на контакт и заедничка активност. Тие се места на бегство од Другиот и каде сме постојано изложени на Другиот.
Дали треба уште да имагинираме место каде се среќаваат разликите, лиминалните простори? Не и не.
Овие граници можат да бидат сфатени не само како опасни зони на конфликт, туку и како експериментални региони на култура, места на продуктивност на детериторијализирани идентитети на постмодернизмот.
Gjuha shqipe ËSHTË urë, JO kufi! (Албанскиот јазик E мост, Не граница!)
Извор: Либертас
Фотографии: Лијанг Лу