Скејтерскиот живот на младите во Етиопија

09.12.2017 14:07
Скејтерскиот живот на младите во Етиопија

Скејтерската сцена во Етиопија има слична приказна како и во кое било сиромашно место - премалку возачи и премалку пари за да се исплати еден скејт-шоп. Секој член на екипата, во почетокот малубројна, се снаоѓал како знаел и умеел, а да се има вистински, квалитетен скејт било рамно на подвиг.

Фотографот Даниел Рајтер имал можност да ја забележи секојдневната активност на оваа мала заедница, која живее и вози во главниот град на Етиопија. Набрзо се уверил дека членовите на скејтерската заедница во Адис Абеба имаат сериозни планови за иднината и дознал за проблемите со кои секојдневно се соочуваат, па пред да тргне на пат, организирал добротворна акција во која е собрана облека и опрема, која ја понел со себе. Со младите скејтери поминал два месеца и успеал да го документира нивниот живот, не заборавајќии совршено да ја вклопи приказната во амбиентот и економските прилики.

Кога по некое време се вратил во Етиопија, забележал дека состојбата меѓу младите скејтери се подобрила, дека подобро зборуваат англиски, дека се решени да остават некаква трага зад себе, и дека успеале да соберат средства за сопствен скејт-парк.

 

Извор: danielreiter.de

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото