Логиката на Андоновски: ако си уметник, сѐ ти е простено?!

11.12.2017 03:39
Логиката на Андоновски: ако си уметник, сѐ ти е простено?!

Писателот Венко Андоновски во својата најнова колумна се приклучи кон критиките за тешките измислени обвиненија и притвори за тероризам, во врска со настаните во Собранието од 27 април. Андоновски пишува дека нема ништо полошо за една држава кога уметник оди во затвор.

– Притворањето уметници, и тоа врвни, не е мала работа, туку вистинска „голема нужда“. Нема полошо за една држава и за нејзиниот меѓународен рејтинг од тоа кога уметник оди во затвор (или притвор, сеедно). Меѓународниот ПЕН постојано решава такви случаи по „банана-републики“. За идеи и соништа не се суди, се суди за кривични дела. Лошо е тоа за угледот на Македонија, особено ако уметникот со свои раце не нападнал никого, пишува Андоновски во колумната за „Нова Македонија“.

Тој додава оти сме мислеле дека случаите како Ристо Шишков се зад нас, но по толку години повторно има такви споредби, кои според писателот, се жални.

– Некаде деновиве прочитав дека некој го спореди Јовановски со Шишков, за жал, не според талентот, туку според „судбината“! Жални се тие споредби по толку години! Мислевме дека со случаите како Ристо е готово! И со случаите како оној на драгиот Јован Котески, исклучителен поет, човек што на мравка не газеше, а беше обвинет во минатиот социјалистички режим за злосторничко здружување (бомби, пиштоли) против уставниот поредок на СФРЈ! Тоа се трагедии на кои човек може само хистерично да се смее, пишува Андоновски.

Тој нагласува дека рацете на уметниците не се крвави.

– Затоа, како уметник, јавно ги молам сите оние што имаат моќ и добра волја во оваа држава, да престанат со лепење етикети на уметниците. Рацете на уметниците не се крвави. На нив евентуално може да има – мастило. А тоа не убива, ниту ќе го најдете во вообичаената терористичка опрема, ја завршува писателот Андоновски својата колумна.

Каков бедник, каков гнасен шупак. Да се правиш наудрен и демек не знаеш што направиле Дурловски и Јовановски е трагедија. Демек тоа што се уметници ги амнестира макар убиле и човек?!

На 27-ми април немаше перформанс, имаше крв до колена!!! Немањето емпатија за тие ранети пратеници е чист фашизам!!! Венко покажа на дело дека во срцето е ЌОСЕ кое сонува за крв пролеана од Албанци и Комуњари!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња