Изложба за урбаните уметнички акции во Струмица

11.12.2017 10:17
Изложба за урбаните уметнички акции во Струмица

Изложба на фотографии од проектот: Урбани уметнички акции, ќе биде отворена на 12 декември, во Културниот центар „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19 часот.

На изложбата, во организација на Центар за современи уметности – Скопје, се презентирани повеќе од 40 фотографии од урбаните акции работени изминативе 3 години со посебен акцент на најпрепознаените акции спроведени во текот на 2017-та година.

Идејата на проектот Урбани уметнички акции е да ги открива, реагира, комуницира па дури во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сверата на урбанизмот и инфраструктурата) активистите, невладиниот седктор и граѓаните кои се соочени со проблемот.

Проектот е базиран на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми ќе овозможат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на други нови проблеми.

Едновремено проектот користи уметнички пристапи и уметничка реализација и продукција за позитивно да влијае на урбаниот пејзаж вообличувајќи го и давајќи му додадена вредност со нови и иновативни естетски решенија.
Проектот е поддржан од:програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, Европска културна фондација и Фондација Отворено Општество Македонија.

 

ОкоБоли главаВицФото