Саудиска Арабија ќе отвори кино-сали по 35 години

12.12.2017 04:31
Саудиска Арабија ќе отвори кино-сали по 35 години

Саудиска Арабија ќе дозволи отворање на јавни кино-сали, а првите најверојатно ќе бидат отворени во март 2018 година, соопштува Министерството за култура и информирање на оваа земја.

„Како индустриски регулатор, Генералната комисија за аудиовизуелни медиуми го започна процесот на лиценцирање на кина во Кралството“, изјави министерот за култура на Саудиска Арабија Салех Алауад.

Во Саудиска Арабија кината се затворени од осумдесеттите години на минатиот век, за време на бранот на ултраконзервативизам во земјата, пренесува АП со констатација дека тоа ќе бидат први кина кои се отвораат во оваа држава по цели 35 години.

Како што се наведува, престолонаследникот Мухамед бин Салман настојува државата повеќе „општествено да се отвори“, што подразбира укинување на забраната за жените да возат, да се одржуваат концерти и друг вид забава.

Извор: B92

ОкоБоли главаВицФото