Трендо Бајага

14.12.2017 11:13
Бајага

Еееј

кој можеше да поверува

дека вицкастиот

шармантен Трендо,

колумнистот кој го читавме

во Антена,

па Он Нет,

па сега Офф Нет,

со години и уживавме

во неговиот хумор,

луцидност,

шарм,

ѕвездата од Милионер,

онаа топла

разумна личност

која плени со некаква

ала Калимеро борба за правда,

ала Госпо на Ѓорѓи Колозов

мудрост,

начитаност,

сезнајност,

непрестаен извор на анегдоти,

инфромации,

шаманска визија за сѐ,

сѐ гледаше озгора

со некаква филозофија оптимистичка

дека сѐ ќе биде во ред,

и како течеа годините

сето тоа се претвораше

во еден кошмар

за еден ден да видиме на ОФФ НЕТ

како брани копилиња

кои за малце ќе направеа

граѓанска војна,

а притоа направија

кланица во собрание?!?!

 

Кој можеше да поверува

дека нашиот Трендо

од македонски Бајага

стана македонски

Чарлс Менсон?!?!

 

Трендо бе,

како старееш,

се претвораш

во македонски

Чарлс Менсон,

а беше симпатичен

вицкаст

дечко кој обеќава.

 

Слика: Свирачиња