Егзибиции

14.12.2017 11:32
Егзибиции

Спомениците се материјален доказ за себе како криминално остварување на бандитите од бившата власт.

Празниот трезор во Тутунска банка е материјален доказ дека банката е опљачкана.

Македонија е доказ дека е жртва на злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ.

Силванева е доказ дека крадела пари од кај ќе стигне.

Смачканиот камион на патот и застојот во сообраќајот се доказ дека имало сообраќајна несреќа.

Куршумот во левото белодробно крило на жртвата е доказ за обидот за убиство со предумисла.

И така натаму.

Но, во банката не го чуваат трезорот празен до завршување на процесот против обвинетите за грабежот, Македонија нема да се држи надвор од НАТО во процесот против злосторничкото здружување и велепредавството на ВМРО-ДПМНЕ, камионот не го конзервираат на коловозот до крајот на судењето за тешката сообраќајна несреќа, Силванева не ја држат на касата во ДИК, куршумот не се чува во жртвата како доказ за обидот за убиство...

Така е и со спомениците, господине Алаѓозовски. Тие се материјален доказ, ама материјалниот доказ не смее да биде причина тие срања да не се отстранат. Точно, постои „мал ризик при отстранувањето да се уништат како доказен материјал“, но таков ризик постои и ако си седат на местото, никогаш не знаеш дали врз Ченто нема да тресне некој метеор или кога некој силен земјотрес ќе му ги разнесе јајцата на Букефал.

Престанете со егзибициите, ангажирајте стручни екипи, вклучително и правници и отстранете го срамот од лицето на Скопје.

Се знае како се чуваат материјални докази.

Тоа е мојот предлог.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: ШкАрт

ОкоБоли главаВицФото