Трендо се претвора во Бате Геле

15.12.2017 11:11
Трендо се претвора во Бате Геле

Еееј, кој можеше да поверува дека вицкастиот шармантен Трендо, колумнистот кој го читавме во Антена, па Он.Нет, па сега Офф.Нет со години и уживавме во неговиот хумор, луцидност, шарм, ѕвездата од Милионер, онаа топла, разумна личност која плени со некаква ала Калимеро борба за правда, ала Госпо’ на Ѓорѓи Колозов мудрост, начитаност, сезнајност, непрестаен извор на анегдоти, информации, шаманска визија за сѐ, сѐ гледаше одозгора со некаква филозофија оптимистичка дека сѐ ќе биде во ред, и како течеа годините сето тоа се претвораше во еден кошмар за еден ден да видиме на ОФФ.НЕТ како брани копилиња кои за малце ќе направеа граѓанска војна, а притоа направија кланица во собрание?!?!

Кој можеше да поверува дека нашиот Трендо од македонски Бајага стана македонски Чарлс Менсон?!?! И притоа и Бетмен, неговото кутре-следбениче, ќе го внесе во ВМРО-ДПМНЕ преку пријателчето Иво Котевски и ќе го претвори и него од твитер кловн во режимски лудак и манијак кој гине за мафија и сега ќе скапе во зандани?!?!

Што се случи со овој човек, каде забега по патот, што му се деси, па нели ги канеше во Скопје и ги гоштеваше Борис Дежуловиќ и Теофил Панчиќ, од каде сега овој изблик ала Чарлс Менсон, од каде оваа потреба за крв, уништување, хаос?!?!

А сѐ одеше полека, прво молкот за сите срања на Грујо, и тоа сѐ погласен и пострашен молк, дури и за Мартин Нешкоски се правеше мутав и удрен со мокра чорапа.

Па после почна дури и да брани одредени потези на режимот, исклучок беа студентските протести кои беа означени како НЕ ПРОТИВ РЕЖИМОТ, туку против глуп закон, па беше безбедно да се поддржат, тоа можеше и да се види од славниот дуел на Ванковска со Грујо пред Александар Палас; инаку, Вановска е душевен сијамски близнак на Трендо, па така, сѐ што овде пишуваме за него важи и за неа, и таа овие денови ги брани копилињава од 27-ми април, што не се очекуваше и од неа и е непријатно изненадување за сите!!!

Но, зошто?! ЗОШТО?!?! Одлични приходи, жена му е директор во најголемата маркетинг агенција Публицис, му набацува банери за илјадници евра месечно, самата таа ги чита сите реклами на тв и заработува брдо пари, нему работата му е многу лесна, сам си е газда, преведува стории од американски портали и си закачува сликички кои му ги праќаат на мејл неговите фанови кои уште не го провалиле неговиот блеф, полесни пари здравје, ние се тепаме со политичари, јадеме тужби, дремеме на пресови, он си седи на топло у редакција, никој не му е лут и си живее на стара слава...

По цел ден си дреме по кафани по Дебар Маало, а и во редакција имаат буре со пиво и си играат флипери по цел ден, зошто ова лудило, зошто толку забега десно?!?! Каде го боли, на што се должи ова десничарење рамно на фашизам шешељовски?!

Тој можеше да се спаси во последен момент и да сврти во исто време кога свртеа и Лиле Дом и Павле Трајанов и да му биде простено за сѐ, да ја поддржи Шарена револуција, да каже „еј, абе овие стварно биле за никаде“, зошто не го направи тоа?! Каде заглави воланот и колата му отиде во пченката?!

Како ќе се правда сега ако го викнат пак од ЕУ да ја модерира наградата Жан Моне, или ако МОФ го покани на уште една дебата, како ќе го брани упадот на 27-ми април?! Како ќе глуми пак лудило дека он е најпаметен, а ние сите сме ретардирани копуци, он сѐ гледа одозгора, ние ништо не разбираме?!

Како сега ќе го спасува брендот Трендо кога неговите стории од Офф.Нет сега се шерувани од истите оние кои шеруваат Курир и Инфомакс?!?!

Цццц, со падот на Грујо падна и Трендо, кој можеше тоа да го замисли... Како старее човекот се губи, тоне у некоја темна жива песок, како да го фаќа деменција, склероза, откачува и почнува да мрази сѐ, се претвора во Орце Стефковски од Мралино... Или оноj Бате Геле од Штип...

Многу чуден феномен, како падна режимот и се рони на трошки, така неутралците се радикализираат, а самите куртони како Латас и Ивона и остали се повлекуваат од сцената?!?!

Како што Хитлер ги праќал последните тенкови Тигар за да се деси некакво чудо, така и Грујо ги праќа последни неутралците за последни да изгорат на боиштето во очеkување на некакво чудо, ама курац, чуда само на филмови и во Библијата!

Знаеме како завршија тенковите Тигар, у грмушки, летаа плехови на сите страни, иако беа најголема инвестиција на третиот рајх, со најдобро уље и најдебел лим...

Извор: Мактел
Слики: Свирачиња