Коце, несреќо, ти ли си?!

15.12.2017 10:18
Коце, несреќо, ти ли си?!

КОЦЕ-ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ-ТРАЈАНОВСКИ, ТРЕБА ДА СИ ЕПТЕН ПОЛИТИЧКИ ДИЛЕТАНТ ДА ИЗЈАВИШ ВАКВА ПОВРАЌАНИЦА и да ја впериш директно кон граѓаните!

ЦИТАТ: „За револтот на граѓаните, пак, кои веќе се мобилизираат на социјалните мрежи и најавите за бојкот на наставата од страна на родители, Шилегов одговори во манир на неговиот претходник и ги обвини граѓаните:

- „Моето лично мислење е дека во добар дел т.н. иницијатива на граѓаните е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чиишто стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега. Моите информации се дека сега е политички мотивирано со цел да се дискрeдитира и локалната власт, меѓутоа и централната власт во борбата со загадувањето“, вели Петре Шилегов – Градоначалник на Град Скопје.“ ЗАТВОРЕН ЦИТАТ!

Годиништа зборувам и пишувам дека има разлика меѓу политичкото на граѓаните и политичкото на партиите! ДА ПЕТРЕ - ова нам граѓаните ни е политички мотивирано! Затоа и постојат строго политички партии кои се декларираат како зелени, еко и слично, а произлезени токму од ваквите движења и иницијативи! Треба да си политички неписмен и неосвестен (како приложеното од изјавава) за да упатиш ваков прекор и вакво обвинување!

Дополнително, одамна веќе не ме навредува сатанизирањето на активистички план! ДПМНЕ многу добро „нѐ навежба“ преку куририте и нивните чаршаф-соопштенија сатанизирајќи нѐ како СДСМ-овци, соросоиди, платеници, варвари и слично. Немам никаков проблем што ти сега според истиот модел нѐ сатанизираш дека сме ВМРО-овци, платеници и блефери (ова новичко, фино звучи).

Намали малку со вмровштината, не ја пуштај на најјако како аерозагадувањево, туку земи и почни да го решаваш! Затоа си бидувал изгласан! Фактот дека твојата матична партија е на власт - централна и локална - се должи на ВЕТУВАЊАТА ДЕКА СЕРИОЗНО ЌЕ ПРЕЗЕМЕТЕ ВЕДНАШ, ОДМА И СЕГА ЧЕКОРИ КОН БОРБАТА ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО без популистички повраќаници, кои како да ги кроел Протуѓер или Димовски!

Кај нервно нѐ осакатувате со глупостиве, па и ќе испоумреме тивко и бавно, болно и тажно, под фалц-антидепресиви, маски, прочистувачи, сами и мртви во душите, меѓу четири ѕида, изградени во урбани гробници!

#НеСеДише #ЌеПоцркаме

#KissesToAllExceptToTheIgnorant!!! ♥♥♥

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Владимир Лукаш

ОкоБоли главаВицФото