1003 hPa
65 %
5 °C
Скопје - Вто, 17.02.2026 23:59

Апелирам секој граѓанин кој има одржлива идеја за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот да дојде во просториите на Градот Скопје во понеделник меѓу 12:30 и 14:30 часот и да ги сподели тие идеи. Заедно ќе ги ги разгледаме можностите колку тие решенија се применливи и колку реално можат да придонесат во решавање на проблемот.
Рекол Шилегов.
Читам и не ми се верува.
Па тоа е како НАСА да ги повика граѓаните на САД да дојдат во седиштето на Агенцијата и да ги претстават своите идеи за освојување на вселената.
Или Трамп да ги повика граѓаните на Вашингтон да дојдат во Белата куќа и да ги претстават своите идеи за тоа како да се победи Северна Кореја.
Или Силванева Бонева да ги повика Струмичани да и сугерираат дали повеќе патарини ќе ќари ако патува за Скопје преку Јоханесбург или преку Владивосток.
Петре, еве јас те викам тебе во „Корзо“ да ни кажеш како можеме да пиеме, а да не плаќаме!
А во врска со твојата иницијатива, еве, јас не можам да појдам во просториите на Градот Скопје па вака ја соопштувам својата идеја за решавање на проблемот со загадениот воздух: да се отстранат некои двоножни пием честички, море какви честички, бајки, човеку, бајки!
Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: ШкАрт