Лилјана Дирјан беше свештеничка на стихот

16.12.2017 14:17
Лилјана Дирјан беше свештеничка на стихот

Тажен ден! Штотуку до мене стигна веста дека во шеесет и четвртата година од животот засекогаш нè напушти сјајната македонска поетеса Лилјана Дирјан.

Шеснаесет години го уредувавме списанието „Сараевски тетратки“, се дружевме на состаноците на уредништвото, промоциите на новите тетратки. Многу разговаравме за книжевноста, се исповедувавме пријателски еден на друг за своите минати животи, за луѓето кои сме ги сретнале, но најмногу за книгите што сме ги прочитале... Го сакаше морето, копнееше по Далмација; присутно е тоа и во нејзините стихови. Лилјана беше поетеса со исклучителна емоционалност, суптилни поетски слики. По таквата емотивност ме потсетуваше на експресијата на Весна Парун.

Во изминатата година и пол смртта безмилосно ја пустоши нашата редакција. Најпрво си замина Алеш Дебељак, па душата на „Сараевски тетратки“, Војка Ѓикиќ (по нејзината смрт згасна и печатеното издание на списанието, по педесет објавени броеви).

Сега си отиде и Лилјана; толку ќе недостасува нејзината топлина, нејзината меланхолична насмевка, нејзината длабока посветеност на поезијата. Нè напушти свештеничка на стихот; Почивај во мир некаде во синилото, драга моја Лилјо.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Јасмина Зис

ОкоБоли главаВицФото