Дамаск, тешка свила

16.12.2017 19:30

Ава
градини и шедрвани
гласови на полпат до Бога
минариња што се лелеат од топлина
се виткаат шамии, светкаат очи
крупни црни врутоци
масло
на жолт песок жолто пладне
време за молитва
кружи околу Каменот
бојам свила, свилен пат
кај тебе ноќе да стасам
да те фатам како светиш Осветлен
од внатре бучиш
под зарот трепериш
и телото ти е од злато и крепсатен
легнувам крај тебе
и патем се слуша
како паѓа небото
темна тешка
          свила

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото