Радикални решенија за проблемот со загаденоста на Скопје

18.12.2017 08:47
Радикални решенија за проблемот со загаденоста на Скопје

Радикални проблеми налагаат радикални решенија.

Еве ги моите топ 5 радикални мерки за справување со загадувањето на Скопје:

1. Претворање на центарот на Скопје во пешачка зона и градски парк (продолжување на Градскиот парк по двете страни на кејот на реката Вардар до Бул. Кочо Рацин. Тоа значи комплетно уривање на сите градби на левата страна на Вардар од Карпош до црквата Св. Богородица, пошумување од Кале до Зајчев Рид, а зелениот дел на десната страна да се протега од ГТЦ (со зелен кров), преку плоштадот (дислоцирање на сите споменици и претворање во парк, и спојување со зелен дел по кејот до паркот на франкофонијата.

2. Територијална реорганизација (Скопје - урбана зона), воведување забрана за доселување и финансиско стимулирање на иселување од Скопје во новосоздадени еколошки населби во Македонија.

3. Воведување на еколошки стандарди за изградба, приспособување на постоечките објекти на еко-стандардите, уривање на сите неприспособени обејкти (на нивно место зелени површини), како и уривање на сите новоизградени објекти на Водно кои се „легализирани“ по принципот „Миле, а да го смениме ДУП-от“ заради градење згради-мади на плацеви купени за џабалак. Пошумување на новосоздадените површини.

4. Воведување на прогресирачки данок на загадување од сите оџаци во Скопје со цел да стане тотално неисплатливо греењето на дрва, јаглен, пелети..., правењето скара на јаглен, и испуштањето на чад од фабричките и погонските оџаци. На местото на дислоцираните фабрики (Железара, Цементара, Охис) и погони се градат големи паркови.

5. Воведување на прогресирачки данок за дизел мотори, за да стане неисплатливо возењето на дизел, подарување на сите дизел автобуси во други градови и купување електрични автобуси.

Знам дека нема политичка и граѓанска волја за вакви радикални мерки, па затоа ќе продолжам да ја убедувам жена ми да се преселиме во Булачани, на Скопска Црна Гора.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Фотографија: Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото