10 слатки факти за шеќерот

13.08.2010 11:47
10 слатки факти за шеќерот

Нашата исхрана е преполна со шеќер. Сите знаеме дека шеќерот е сладок, но тој има и своја мрачна страна. Шеќерот нè труе, и во најголем дел од времето не сме свесни колку многу го користиме.

1. Во просек, луѓето консумираат по 22 лажички шеќер на ден. Просечното дете консумира запрепастувачки 32 лажички на ден. Инаку, жените би требало да консумираат максимум до шест лажички дневно, а мажите најмногу до 9.

2. Рафинираниот шеќер е поврзан со појавата на несоница, мачнотиите, губењето на косата, алергиите, маничната депресија, кардиоваскуларните болести, хипертензијата, хипоглисемијата, ракот на панкреасот, дебелината, дијабетесот, гниењето на забите и иритациите на кожата.

3. Шеќерот создава зависност. Тој ослободува супстанција која го активира системот за задоволство во мозокот.

4. Просечната лименка со газиран сок содржи околу 40 грама, или 10 кафени лажички шеќер.

5. Консумацијата на шеќер расте побрзо од растот на човечката популација. Производството на шеќер, пак, расте побрзо и од консумацијата на шеќерот, што го прави сè поевтин и подостапен.

6. Консумирањето рафиниран шеќер го исцрпува витаминот Б во организмот.

7. Разни видови храна содржат скриени облици на шеќер. Такви се, на пример, кечапот, хамбургерите, хот догот, путерот од кикиритки, пржените компирчиња, сосовите за тестенини, преливите за салати, мајонезот. Храната со малку масти често содржи шеќер за да се засили вкусот.

8. Рафинираниот шеќер нема никаква хранлива вредност, освен празните калории. Тој не содржи никакви витамини, минерали, ензими, масти или влакна. Сето она што е корисно се отстранува во процесот на рафинирање.

9. Шеќерот придонесува за зголемено лачење на желудочната киселина, што ги исцрпува витамините и минералите од телото, во голема мера калциумот од коските и забите. Исто така ги исцрпува потасиумот и магнезиумот кои се од суштинско значење за здравјето на нашето срце.

10. Шеќерот придонесува и за забрзаното стареење – создава проблеми со забите, ги зголемува брчките и ја суши кожата.

ОкоБоли главаВицФото